Ааа здравје тие у воведување ќе одат. Криво ми е повеќе што не замрзнале ептен се вкусни мали благи, непрскани. А наполниле 2-3 буриња за ракија. Боље ишта него ништа.
Јас не се потресувам до толку, и јас ставив во компотите по едно мало лажиче, тоа нема ни да се осеќа а несакав да ризикувам да не ставам шеќер и да ми се расипат па да ги фрлам во ѓубре. Од водичката не мора да даваш, ќе го користиш само овошјето.
Пола лажиче мислам не е страшно, сигурно нема редовно да даваш рафиниран шеќер па ова ќе му дојде ептен мало зло, јас би слободно. Еве мајка ми направи џем од сливи ама ставила и шеќер малку па ќе му давам на детево со лепче повремено ништо нема да му стане
Ве молам помош за боранија, зошто јас тоа не јадам. Ја обарив и ја замрзнав. Сега кога ќе подготвувам ја давам така, ја одмрзнувам ли прво и дали пак ја варам тогаш?
Кога замрзнувате блитва, ја сецкате на ситно или цели листови? И како ја бланширате? Кратко се става во врела зовриена вода, потоа ја миете со ладна вода, цедите и замрзнувате? Вака прочитав по фб групи, ама сепак тука да си прашам дали е ок вака?
Колку долго може да се чува замрзната? Имам поголема количина сакам да замрзнам за цела зима да имам, ама па да не не се чува со месеци?
Ко ќе ја избланшираш поголемата количина ќе стане "помала" Ќе си стои. Мислам до 6 месеци немаш гајле.