Јас не го киснам. Нутриционист на тв слушав објаснуваше кои житарки се киснат, кои не. За просото рече не.
Сакам да замрзнам тиквица. Е сега ме интересира дали претходно треба малку да се свари, па да се замрзне или директно да замрзнам?
Нема потреба од варење. Измиј ги, излупи, исечи на кругови или коцки и во ќесички во замрзнувач. Јас така правам.
Комбинирај како што би јадела ти. Јас така правам. Не сум баш по бучкуриши. Со несолено сирење, урда, к.млеко. Некој сос, гулаш прилагоден за бебе.
Речиси во секоја зеленчукова каша. Во ручекот секогаш ставам или путер или маслиново, но најчесто путер, поубав вкус дава. За количина исто како kukla21 што ти кажа, и јас тенко со ноже сечам, отприлика колку третина мала лажичка би рекла +/-.
Me interesira kako mozam da gi zacuvam morkovcinjata svezi i za podolgo , dali moze da se zamrznat ili dobiv sovet za vo pesok da gi zakopam? A i od koj mesec se pocnuva so tikvicka (tenkava sto e za przenje)?
Моркови и тиквичка од почеток на дохрана може да даваш. Моркови јас сум мрзнела. Тоа за во песок и јас знам ама не сум пробала.
Мајки, одиме на одмор и сакам едно 4-5 тегли пастеризиран ручек да понесам за малиов зошто кујничка таму ќе немаме. Значи, поправете ме ако нешто испуштам : го варам ручекот(месо, зеленчук), така врел го распоредувам во топли тегли загреани во рерна, убаво затварам и ставам уште колку време на колку степени во рерна? После оставам до сабајле рерната не ја отварам сами да се изладат. Толку е процесот?
Јас обични домати прво ги излупив, па кратко во нутри билет ги ставив за да дојдат како мелени, дел ставив во пластични чашки и замрзнав, а дел во стаклени шишенца, ги варев околу 20тина мин за да вакумираат. Ги оставив во тенџерето каде што вареа да се изладат и сега ги чувам во фрижидер.