Мајки имам домашно зајачко мевце. Моментално е свежо во фрижидер. Како е најправилно да го подготвам? Дали може како телешко? Да го сварам цело па да го поделам во кесички или во теглички со вода? Или да го исечам и да ставам во кесички свежо во замрзнувач па да вадам по потреба и тогаш да варам?
Јас свежо го замрзнувам и вадам по потреба и варам, поделено ми е на коцкички за едно јадење, плус оставам коски со малку мевце за супа. Додуше јас не практикувам ниту едно месо (телешко, мисиркино, зајачко) да го варам па мрзнам со вода и да вадам..
@kukla21 со колку вода го вариш оризот и колку време? Јас сега го варам, еве помина пола саат и само дотурам вода а на ептен тивко е. Треба да е убаво мек, така? Чуден ми е ми мириса благо некако. А и вкусот како на пченица !?
Јас сум ги дала до сега само за ручек. Еднаш со модар патлиџан по рецепт од @manako1. Мислам и @pile30 правеше слично. И со домати сос. Еднаш со урда, еднаш со телешко. За вечера би правела со урдичка и/или јогуртче/к.млекце. кога ќе воведам крем сир и со тоа би идело.
Мами совет околу телешкото месо, дали може да го сварам поделам на да го замрзнам? И да го одмрзнувам заедно со зелњнчукот кој ке се вари што ке и го давам за ручек? И колку време може да стои така во замрзнувач и дали само месото или да биде ао водичка малце? За мисиркино месо од каде нававувате?
Варам 4 парчиња месо од по 50 гр и ги замрзнувам во теглички заедно со водата што се варело месото. Гледам за 10 дена да го потрошам месото. Го одмрзнувам и пред да биде готов зеленчукот го додавам и месото со водата да поврија малку. Мисиркино од Веро сум купувала.
Фала ти многу и јас ке пробам така. А предлог за комбинација 7+ сме и го давам телешкото со компир и морков ама не го сака баш, пробав и јаболче да додадам ама исто ...
Со тиква не сум пробала, а благ компир никако да најдам ми кажаа дека не му е сезона да не знаете кај го има?