Во Тинекс кај Фершпед секогаш наоѓам и тој во Бардовци, за другите не знам. Јас и печам, некогаш ќе причекам да се пододмрзне, ама најчесто така замрзната во рерна, брзо ќе се пушти и запече
Препорачливо е да е варена, печена мислам не се мрзне, но читав некаде дека може и неварена, па не ја варам, рендам и мрзнам и не оставам да седи повеќе од 10тина дена
И јас свежа тиква имам замрзнувано, сецкана на коцки и во кесички. Па си вадев колку коцки сакам и брзо се вареа/печеа. А зошто е подобро сварена да е замрзната?
Просо, киноа и сл.може да се сварат од вечер и сабајле само да се измешаат со овошје за доручек? Ако да, откако ќе се сварат, преку ноќ во фрижидер да стои или на собна температура?
sekogash sveza hrana,zelencuk ,ovoshje,meso,jajca i mleko.taze pripremena hrana e najdobra za vaseto bebe
пробав да најдам низ темава ама не успеав точно: како правите за месо кога се уште мали бебињата? ние сега почнуваме со месо (7+), купив свежо телешко, сварив дел го направив со брокула, кромид и компир кашичка. тоа може да се чува во фрижидер ден два нели? а на другото телешко што да му правам најдобро? а. да го чувам свежо во фрижидер па да го сварам по два дена б. да го сварам сега и чувам во фрижидер в. да си го изедеме ние па за неа пак да купам а да се замрзне е подобро свежо или сварено? доколку би го јаделе во рок од една недела пример
Јас никакви кашички не чувам во фрижидер. Правам свежо и давам. Може да стои некој час ако во моментот не сака да јаде ама повеќе не. Купувам парче, ми го сечат на коцки и така го замрзнувам. Не го варам претходно. Туку свежо одма во замрзнувач. Си варам кога готвам. Обично после доручекот ако планирам да давам телешко го ставам да се вари и таман ми е готово за ручек. Ноќта претходно го ставам од замрзнувач во обичниот фрижидер да се одмрзне. Исто и со пилешкото. Само тоа многу побрзо се вари нели.
Блендирана каша не оставам да стои повеќе од еден час или час ипол дури се молиме да ја изеде. А само сварени намирници сум оставала по 3-4 часа на собна и после само турам малку потопла вода и блендирам. А месото јас варам 4 парчина и 3 замрзнувам во тегличка заедно со водата што се варело месото.