@emkaemka го извадив доматот и се расправаме со мајка ми како Она седи и чека да го среди па да си оди. Јас најдов дека се бланшира она вика исто како тебе Инаку има и интересен рецепт на бебе готвач за кечап. Мислев да го правам ама мајка ми ме предомислува
Рендала патлиџани Можам да замислам колку се изгвачкала, па и позелени за тоа треба, искрено и прв пат слушам некој да ренда патлиџан, да меле да, ама ренде и патлиџан што знам
И јас вака замрзнувам, но не го ни лупам Кога ќе се извади му требаат 5мин во топла вода и одма се вади лушпата дури полесно отколку на свежиот.
Лушпа од патлиџан ептен ме нервира, јас вадам и одма пржам, така замрзнат во тава одма, по потреба со нож на даска го делам, лесно е За бебе иста финта ќе е, само во тенџере на пареа ќе иде, ама и ќе порасне до зимо, па и за него ќе се попржи по малку
Да за сос секогаш ги ренда и баш се вкусни. Не се зелени, таман созреани. Ете свекрва ми ренда. Годинава имаше и некое машинче земено, како спирала да ги отстранува семките, другиот дел го цади -гмече, не знам на кој принцип точно работеше. Па дел вака правеше, дел рендан. Шознам, мене не ми е чудно. Сосот што го прави за нас е превкусен. Претпоставувам и за бебе е ист, само без сол.
Јас за внука ми три години со ред спремам од нашите патлиџани. Ги рендам на ренде и во шишиња од пола литар ги замрзнувам. Без сол без ништо . После снаа ми се спрема сос од нив , во манџа става , кога јадеше внучка каша во каша ги ставаше . Често и го пие ова и како сок . Така од шише Се рендаат и меки кога се. Лушпата ја фрлам ,нормално
^^имам едно ренде од Топ шоп и уште на сликата од кутијата е прикажано како се ренда патлиџан, има и онаква заштитна пластика да не се пресечеш. Па јас од секат се чудев кој ренда патлиџани и оти таква слика. Недомаќинка Ќе ја прашам и мајка
Е како правиш ти летна манџа на пример ? Или сос од домати ? Јас све на обично ренде Баш лесно се ренда патлиџанот
И мајка ми исто секогаш свеж со лушпа го замрзнува. Кога ќе се извади од замрзнувач многу полесно се лупи.
Колку и да е посебно завиткан секој патлиџан посебно ,во замрзнувач добива чуден мирис . И "тежок " е за спремање . Кога ќе се одмрзне пола сок му иде фира . Вака ,поготово за деца, најдобро е на ренде и во шише да се замрзнува . Ништо не губи доматот ако го изрендаш свеж . Јас некогаш и во мали теглички го замрзнувам изрендан Ви улетав у темава Извинете ме
Јас како падобранец некој овде . Ама немав лоша намера . Споделив и јас како правам . А за внучка, а за мое дете исто е нели
Секој совет е добредојден, особено за мене зошто со замрзнување и чување ич немам искуство. Споделувај почесто.
Јас свеж излупен колку за едно јадење замрзнав во најлончиња. А за сос кога правиме за нас порано рендав,сега во блендер или соковник и семките ги мели и е мазно.