Зашто по варење на батат компир вака ми позеленува? Вас вака ви е? Тие што го замрзнувате? Мора ли да го варам па да го замрзнам? Ваши искуства? А колку беше тазе бататов милина
Па донесе мм завчера. Еве и денес да му дадам на бебе од неа и што викаш другото за нас. Ваљда не е страшно два, три дена што стоела во фрижидер.
Може да се замрзне ако имаш поголема количина. Јас секогаш замрзнувам, домашна е мојава. А ако стои во обичен фрижидер подолго, треба да ставиш малку сол, во спротивно многу брзо се расипува.
Купив снегулки од просо. Ама сега не ми е јасно дали треба да се варат како обичното просо или како овесни снегулки се покиснуваат?
Ано, погрозно нешто немам пробано Ниту ќерка ми ги сакаше, ниту јас, стоеја една година и сакав да ги сомелам и искористам како брашно за некои мафини, ама им помина рокот и завршија во ѓубре. Само се киснат бидејќи се снегулки и тоа баш ситни.
Како тоа ти стоеле 1 година?! Вика 14 дена од отворање да се фрлат. Бебе мое не ги сакаше и ги џитнав
Катастрофа се и чудно мирисаат, мое бебе кое е по просо овие не можеше да ги смисли. Заправо повеќе ми личат на киноа него ли на просо Снегулки не се киснат од вечер или 8ч, само пред подготвување треба да постојат во течност за да омекнат
ете кога не ги прашувам другачките пред да купам. Ај ќе си ка пробам среќата, ако не канта не им бега.