Јас го сечам на тенки ливчиња со тоа за зелка рендање ако ме разбра и варам на пареа 25-30 минути и после додавам другиот зеленчук и уште 15 -20 минути. Може е многу ама знам дека си бара подолго варење. За замрзнување незнам.
Цвекло е намирница која НЕ се замрзнува. Имам и јас домашно план ми е некоја салата да смисли мајка погодна за бебе и да го вакумираме во тегли, ќе пробаме, па колку стои и какво ќе е, ќе видиме На цвеклото му е доволно 20тина минути да врие или 30-40 ќе му дојде на пареа, јас толку и го варам, на пареа секогаш, не треба да е скроз меко како компирот да речеме, туку омекнато. А можеш и како Шантал да го рендаш, тоа па ептен брзо ќе е готово
Незнам кај прочитав дека варено се замрзнува. Јас го варам цело, нелупено. Едно саат, саат ипол, зависи колкави се. Боцкаш со вилушка, за да провериш дали е варено.... Се лади, лупиш, сецкаш на колкави сакаш парчиња, ставаш во кесички, мрзнеш, и по потреба вадиш. Уште дете да јаде, и си ја наредила.
Во која комбинација свежо цвекло најмалку се осеќа? Не знам како да му го подметнам и колку е доволно да ставам?
Ау Емка, незнам, можда и тука, на форумов. Незнам што му останува хранливо... давам така по некое парче. Незнам дали е исправно.
Свежи салати нели јаде веќе? Јас правам салата како за нас, зелка, морков и цвекло, со тоа што морковот и цвеклото ги рендам на најстиното ренде и си ручка така.
Уште не. 18.5 има знам дека веќе треба ама не. Пред некој ден му правев таратур гледам ни краставица не обожава, сок не пие никаков. Домати не сака...специфичен е .. А смути со овошје не одбива никогаш, немам проблем со овошјето општо и со јадењето негово
Искусни мајки, Што да замрзнам што има сега свежо? Храна ќе воведуваме од Јануари. И дали воопшто да замрзнувам.
Имам органски непрскани јаболка и крушки, сакам да ги направам компотче за да не ми се расипаат, бебеа ми е 5 месеци, уште малце ке почне да јаде. Помош како да ги направам?
@mal.ecka се комбинира и одлично оди. Можеш кисело млеко да додадеш. Бидејќи со спанаќ убаво оди киселото, мислам дека фино ќе излезе и сосе жолчката плус Јас ја планирав комбинацијава за бебка моја, ама девојката кисело млеко нејќе да види
Да може до 3дена да стои поназад во фрижидер не на врата и да брцкаш со лажиче кое нема да се лиже...