Лино смоки или? Немаме ништо пробано од Лино, всушност не знам какви производи се тие на Лино... И дали ги има тука? Леле кога бев трудна јадев Лино каши. Не сум наспана не сум да ми замери човек. Ама детево нема пробано ништо од Лино.
не знам за таму прашај ја дани верувам има некоја поздрава верзија. .. мада .. што им фали на обичниве? сакаш повеќе на Здраво?
Давав едни пуфлети пченкарни гледам сите деца тие ги јадат, кога ќе донесеа в маркет одма ги снемуваше, ама сега сменија амбалажа и вкус демек на подобро ама ни јас ни малата не ги сакаме. Чисто ме интересираше дали има некој рецепт. Не сум за 1000% "здрава" исхрана. Давам смоки, чоколада... Па и не е бебе веќе.
Па да де. голема е веќе... сеа зависи ти може и до 5год сакаш органско само па затоа прашав. Јас смоки давам и соленки давам и све то
Дечки, јајца во моментов од кај набавувате? Ние земавме домашни, но човекот вика дека сега кокошките не несат, ладно им е.
Зависи како ги храни и чува,татко ми чува за син ми секогаш да има тазе,баш овој период несат многу,една неси сабајле и вечер.
Ладно и помалку сонце и нема јајца. Таков е природниот циклус. Ѕирни на интернет како несат јајца. Наша фарма немаат?
Леле и женава од кај мене од работа , само ми носи , вика ептен неселе периодов Само нешто смислувам за да ги потрошам
2 месеца не носеа, едвај ми собираа луѓето од кои земам, по 2-3 неделно од 40тина кокошки. Ама оваа недела 15 ми собраа, веројатно почнале пак да носат.
И требаат пари изхледа. Нема логика да несат. Несат на сонце/светло. Ем нема сонце, ем рано се стемнува. Затоа во фармите им ставаат лампи да им прават "оптичка варка" за да несат ко луди. Јас би се запрашала какви јајца ми дава. Мене едвај 2-3 ми дава неделно колешкава.
И нашиве не несат многу, одвај едно дневно, тие за деца ги чувам... за нас или ако треба да се прави нешто, купувам. А дека има периоди, има. До скоро имаше ептен, па намалија, пак два три дена имаше повеќе, сега пак нема.... ладно е, темно е.
Нашите несат три месеци ,мали се јајцата,многу јадат исто само денски што ќе видат светло па пак една несе двапати дневно а друга со две жолчки.А пет кокошки се. Ако ели ја лажат нас кој не лаже. Се изнајадоа и комшии и пријатели.
Да се самоцитирам Најдов зошто несат некои и зима. Кокошки што за прв пат почнуваат да несат јајца не прават пауза првите 15-18 месеци. Затоа @manako1 вие имате јајца. Кокошките несат само 3 месеци јајца. https://www.thehappychickencoop.com/how-to-keep-hens-laying-eggs-through-the-winter/
Зависи колку гриз си сварила. полека сипувај и мешај да не ти е ептен течно. гледај да не е мн топол зашто ако чекаш да се лади а си ставила веќе ад... може и да не чини зошто нели ад не стои долго...
Не мора да го раствараш АД. Стави една мерница дирекно во гризот, кај него имаш вода, ќе се раствори. Јас вака правам.