Секогаш сум правела и гриз и палента со тој сооднос, на 100мл една супена лажица за да излезе таман. И нема врска од кој гриз е, со различни исто ми искажал. Незнам како е можно со 3 супени на толку малку вода да е таман, пред едно 10 години кога појма немав го направив така и додека беше на рингла беше Ок, но кога почнав да го јадам ми се згусна и неможев ни да голтнам.
Па така едноставно како вашиот што е таман и мојот е со 3лаж. Го ставам во блендерот со овошјето, да се измеша и баш убава густина има. Не е густ, мојот не сака ,,стуткани,, каши.
Ај да прашам за мирна глава, зошто добив мрчења од страна дека не чинело? Јас скоро секогаш мевце варам за 2 дена, пола за ручекот тој ден, а другата половина за следниот ден жешко го ставам во тегличка која ја полнам до горе со водата која се варело месото и затварам, оставам малку да се подизлади и ставам во фрижидер. Чини/ безбедно е вака нели? Следниот ден кога ја отварам тегличката клик си прави како вакумирана да е.
Јас не давам месо ден за ден. Така ми кажа педијатар. Секогаш свежо варам. Мислам нема штета да стои на ладно. Доста варат и мрзнат поголеми количини месо.
Јас во неделата давам жолчка, 2 дена месо, жолчка, посно, 2 дена месо. Па некако практично ми дојде да си правам така мевце. Мојов па колку месо јаде за греота, ич не сака, телешко па ептен, со лажги 130-40 гр. каша ќе изеде, во неа околу 30-40гр. варено месо.
Јас варам за два дена ако знам да утрето не ќе имам време поради Х причина, тоа ми се десило се на се 5пати, инаку преферирам секогаш да е тазе. Точно мало мевце, но не му ни треба многу, иситни на малечки коцкички и за 30мин ќе се свари, па уште 30мин со зеленчукот и ете ти 1час и месо таман за ручечето. А за варење, па мрзнење, па одмрзнување од мене едно големо НЕ, ниту јас јадам така, па не ни давам на бебе така.
И јас истото го правам, на што помали парченца, за час е готово. Не ми е поимливо да мрзнам сварено месо. Што не правам за нас , за бебе не ни помислувам. За нас свежо за него исто.
@DuchessAnn за да не замрзнуваш попрактично е да го поделиш во мали теглички месото и заедно со водичката во која се варело уште додека е врело да ги затвориш тегличките. Откако ќе се оладат на собна темп. ги ставаш во фрижидер и имаш оброци за таа недела.
@Kitten Не не замрзнувам туку за 2 дена си правам свежо телешко или мисиркино од Веро. За вториот ден така во тегличка го правам. Ми промрче свекривата, не чинело така за следен ден па да си прашам за секој случај.
Епа кажи и нека вари секој ден свежо. Нека помогне. Инаку се случувало и јас вака да вакумирам, ретко, може неколку пати кога знам дека нема да имам време да варам.