Земав свежо јунешко за бебка. Е сега го исеков на парчиња колку за еден оброк и ги ставив во замрзнувач во пластични чашки мали и ги затворив со кесичка и ластиче. Читам претходно некоја од вас ги обарува и во тегли ги.собира со водата.. Прашањето ми е дали може вака свежи да ги замрзнам и да си вадам по една чашка? Фала ви
Можеш. Јас го варам цело месо го сечам и сварено го замрзнувам со неколку лажички од водата. Твојот начин е потежок , но не е погрешен.
ме интересира дали смеам и пилешко (петел) да замрзнувам како телешкото, прво сварено па заедно со водата замрзнато?
Женски, кажете ми како се прави просото? Се кисне ли одвечер/неколку саати претходно во вода или директно се вари? Земав лупено просо на Биокосмос. Во кој сооднос со вода се прави? И со што можам да го искомбинирам за појадок на бебо (скоро 6м)?
Не во киснам, дирек варев. Отприлика ставам просо во ѓезве, 2-3 лажици и залевам. Варам додека не ја изврие водата. Со било која овошка можеш. А може и со зеленчук. Неутрално е.
Јас од вечер го киснам едно 8 саати. Од сабајле го мијам убаво и го варам во вода едно 15 до 20 мин. Со се се комбинира. Мн е добро со кајсија за хемоглобинот да знаеш
2 лажици просо а вода ставам околу 2 чаши пошто у сооднос ако ставиш мн брзо испарува. Така да оно кога ќе се сваре се отвара се распаѓа
Женски, направив зеленчукова каша (компир, брокула, морков, тиквица и кромид) околу 11ч, ама бебо не сакаше да јаде. Стана од дремката плачлив и никако не сакаше од кашата. После неколку обиди, му дадов да цица. Кашата од блендерот ја собрав во мало тегленце, стои на собна температура. Прашањето ми е дали ќе може после накај 14:30ч да му ја дадам доколку сака да јаде? Претпоставувам ништо нема да и биде на собна температура. Да напоменам дека освен кромидот, другите зеленчуци му се веќе воведени.
Бебо е 6+, за една недела ќе полни 7м. Дајте идеја со што друго можам да ги правам зеленчуковите каши во комбинација со телешко месо? Досега му давав компир, морков, тиквичка и месо, или ориз, морков и месо. Имам воведено и брокула, карфиол, пашканат, кромид (иако мислам дека кога има кромид помалку јаде).
Прави како што би јадела ти. Јас така му готвев и готвам . Попрости комбинации до 3 намирници, повеќе поминуваат. Ако не сака кромид, не давај.
До колку часа смее да стoи најмногу зеленчукова кашичка? Јас кога ја мешам со АД одма давам, ама само со водичка нз. Исто така и со вода имаме проблем, не сака да пие. Едвај некое лажиче...
Неблендирана јас сум чувала до 3 часа, пример кога спие и после само блендирав и јадеше. За повеќе незнам. А за вода моево е на АД и вода почна да пија кога наполни 1 година, пред тоа една голтка на ден и тоа со сила.
Исто и јас правам со храната, сем овошје тоа одма давам . Вода за жива глава неќе. Еве за ручек изеде 150гр зеленчук (блитва, батат, тиквичка) и после се мачеше, има тврда столица. Сабајле пробуваме вкусови ( до сега јаболка, круша) не ги сака баш. Се изненадив. Пашканат му е поубаво од јаболка. 6+ сме од вчера, од мака земав чај Бекутан дадов, ама шербет е. Имаше проблем со столицата кога воведовте цврста храна? Ми е жал да го гледам, се мачи, го боли.
Подобро земи чај од Хип тој е без шеќери. Инаку за столицата можеше преку исхраната да му помогнеш, воведи слива и таа е од 6+. Слива и круша мислам добро че му дојде на стомачето за столицата. И од водата каде што ќе ја вариш сливата дај му нека пија колку сака, ако сака де ако ти е на доење и преку твојата исхрана можеш да му ја регулираш столицата, пиј компот од суви сливи, јади круши, јаболка, сок од јаболка... на ова ми текнува само. Моето немаше проблем кога почна да јаде цврста храна. Исто повеќе сакаше зеленчук.