Сливите на пола, им ја извадив семката и така со лушпа ги ставив. Ќе ги лупам кога ќе правам кашички, така и црешите ги лупам сега кога правам кашичка. Боровинки замрзнав и вчера од Берово купив сируп од боровинки без шеќер, компот од нив не правам.
Имаат и без шеќер ли? Јас зимата земав, со шеќер. Колку го зеде? А само боровинки за мрзнење од каде набави? Уште нема на пелистеров наш.
Боровинки од пазар нашла свекрвица, 220 денари за килограм, а за сирупот да, имаат без шеќер речиси од се, јас земав од по 0,5 L од повеќе врсти, по 150 денари е, килото по 300ден.
dali prosoto i ovesot gi kisnete vo voda preku vecerta i kolku vreme gi varite? Citam razlicni stavovi, nekoj kisnat, nekoj ne, a i vo vrska so vremeto za varenje nekade citam 10min, a nekade polovina cas i poveke.....?
Секоја целозрнеста житарка се кисне поради фитинската киселина. Претходниот ден испланирам што ќе готвам утре и оставам преку ноќ да откисне. Во однос на варењето, на амбалажата обично пишува во кој сооднос со водата се вари, значи додавам толку вода и варам додека не испари водата.
Колку денови можат да стојат правените каши во фрижидер? Пример денес правам повеќе каши одма ги ставам у фрижидер и во рок од колку денови треба да се изедат? Ова прашувам зошто немам мн време секој ден полесно ми е повеќе наеднаш ако е можно нели
на ова топло не би чувала ништо со денови.Се надевам мислиш само на исецкано а не и на изблендирано. банана и јаболко ако ставиш тоа одма темна боја ке фати. тиквицата и брокулата пуштаат мн вода ако седат подолго време. не ти треба време искрено исечкај свежо овошје,бледнирај и дај да јаде.Исто и зеленчукот само треба да исечкаш и да ставиш самото да се провари на кратко
Ај кажете како пастеризирате? Во веќе зовриена вода ги редите тегличките или оставате да зовријат и тие?
Да зовријат заедно со водата. Завиткај ги со крпа да не се удираат. Во истата вода да се изладат после. Ако немаш вискоко тенџере што ги покрива теглите, сврти ги со капакот надолу.
Е мајка ми така ми направи праски, јас и се контрав дека треба во зовриена да ги стави да не се скршат....демек јас домаќинка...
Жени или е до мене или до кашиве правам по упатство искача мн.течно и плус овошје кога ке ставам ау тоа искача како супа ѕечно не ме бива
по какво упатство правиш? тие од кутија? овошје кога блендираш вода не ти треба воопшто.Само овошјето блендирај и даваш.За тие од кутија незнам не сум давала такви прашаци ама веројатно и тука ставаш мн вода
фината за сливите е да не ги одмрзнуваш посетепено, јас ги замрзнувам цели и ги варам замрзнати на тивко откако ќе зовријат, така правам тазе компот по потреба. Понекогаш замрзнувам и пресечени на половина, па ги ставам да се печат замрзнати со една лажица шеќер наросено и преубави се.