На АД сме од 3мес. @TeddyGrey фала ви женски. Да ја завршам крушава идеме на слива. Ако не јаде ништо од овошје како мене ...
Само што направив каша од инстант ориз, морков и тиквица. Изблендирав се, и ми заспа бебо во хранилката. Никако не можев да го расонам. Колку време може да стои кашата изблендирана? Да остане на собна температура или да ја ставам во фрижидер па после да ја затоплувам? Или наново да варам?
Како бе ви заспиваат така? Мојата освен во кола или количка сама не заспива Мислам дека на собна температура нема да има проблем да стои. За фрижидер не би, пошо мислам дека ориз не се затоплува. Колку и да важи ова за инстант оризот
Многу беше изморен, цело време прета, се врти и кога му доаѓа дремка преку ден без проблем сам заспива, каде и да се наоѓа. Затоа вечерното заспивање е само со нишкање и плачки Ја оставив во тегличка и на собна температура, белки нема многу да затера со дремката.
Брокула ориз и кисело млеко оди. Спанаќ/блитва, ориз, лукче и кисело млеко. Само овие ми се пробани. Кисело повеќе давав отлако воведов вечера, во зеленчук не ми одеше во сите, само овие неколку.
Па и мене не ми оди многу со зеленчукот и затоа не знам со што да го давам. А нели не се мешаат млечни производи со железо (блитва, спанаќ, брокула)?
Ако има проблем со хемоглобин можеби, ако е се во ред зошто да е. Спанаќот е препорачливо да се јаде со к.млеко или јогурт. О И ние секогаш ги јадевме така и на детево така му давам. Не е анемична да не давам . Ако ви е кс во ред мешај слободно
Пр Пред скоро месец дена му направив кс, железото му беше 24, ама Хгб 109. Педијатарот рече да појачам со исхраната. А моево не може да смисли брокула, блитва, спанаќ, па и останатиот зеленчук едвај го јаде (само кога има телешко тогаш ручка). Ориз, тиквица и кисело млеко оди ли?
Телешко давај 4 пати неделно и немај гајле за крвната слика. Ваше е цвеклото Кикин? Ако го имате во двор едноставно не го откопувај, ќе стои до зима.
Вчера сварив телешко месо за два дена, и делот што е за денес го ставив во фрижидер со малку од водата во која се вареше. Дали можам да го додадам денеска месото во сварениот зеленчук за ручек на бебо? Практикувате ли вака да варите за два дена?
Да, сум варела од вечер за следниот ден. Ако било во фрижидер нема ништо да му биде. Морав да спремам од претходен ден додека малово беше бебе, затоа што бев излезена од дома од 8-18, немав кога од утрото да спремам.
Здраво маички,ми треба совет.. Со бебушка наредна недела почнуваме со пробување вкусови,е сега по препорка од педијатар само со јаболко, круша, слива и банана па ме интересира што и како да замрзнаѓ од сезонскиве овошки за понатаму кога ќе ги нема Ви благодарам
Од сезонското овошје мислам дека можеш само кајсија и слива да замрзнеш др не. Ќе си ги исчистиш од семки ќе ги измиеш и замрзни си ги.