Прв пат забележав неколку постови тука, а и на фб дека варено телешко месо може да се замрзне заедно со водата каде што се варело. За свежо замрзнато ми иде некако логика, но ова со варење па мрзнење некако од прво ми немаше смисла. Може ли да ми појасите за што станува збор, бидејќи повеќето мајки така постапуваат, дали се губат хранливи материи, дали се расипува месото и сл.
Праски не се замрзнуваат потоа се преполни со вода и лигави и не се јадат. Ако сакаш праски направи компот ама без шеќер за течноста да си ја пир. Да ти напоменам дека праската нема да може да ја јаде пошто е без шеќер компотот и го зема шеќерот од самата овошка.
Се изначитав и се збунив моево е скоро 7ипол месеци и уште немаме почнато со месо.. Па ни со млечни производи.... Има пробано само овошје, малку зеленчук, ориз компир и палента, сеа проба брокула и блитва а карфиолот го рипнавме сеа зошто имаше проблеми со мешето...инаку сака да си јаде изгледа, на секој ручек ме гледа и се оближува и сака да фати со раце јадно дете изгледа ми е гладно... И од кога почнува и трет оброк? Она сеа јаде сабајле овошна кашичка 125гр и попладне нешто ориз компир или палента со зеленчук
Хранливите материи во секоја храна се губат со замрзнување и варење, тоа е општо правило. Е сега, месото за бебињава е толку мала дневна количина (и не е секој ден, туку 2-3 пати неделно), што прво не може да одиш и да купуваш 50 грама свежо телешко секој втор ден (освен ако не јадат и возрасните тоа, па само да извадиш мало делче), второ и да купиш поголема количина бебето не може да го изеде за 2 дена, значи мора да го замрзнеш. Јас од практичност варам па мрзнам, и после за 10 минути има ручек, само додавам зеленчук. Така мене ми е полесно. Ако не ти пречи да го вариш месото секогаш кога сакаш да дадеш месо, можеш да мрзнеш па да вариш. Значи секако ќе го замрзнеш месото, и нормално ќе го свариш, па редоследот по кој овие две работи се прават мислам дека нема некоја значителна разлика. И видов си прашала за расипување, јас го пробав месото, освен што не е солено си има супер вкус, и кашичката е вкусна, и јас би ја јадела.
На дете во раст и развој му се потребни протеини и масти од животинко потекло, јајца, месо, млеко... зошто ги одложувате истите, има ли причина? Што ве советувал педијатар??? Доцните многу со воведување на истите, детето тера 8ми месец, крвта после 6ти месец нагло ослабнува, треба да се надокнади хемоглобинот од храната, а тоа нема да се случи со компир, ориз и банана. Морате што побрзо да воведете месо, освен ако нели сте на диета пропишана од педијатар.
Па не сме на диета, педијатарот рече рано било на 6месеци сега ќе видиме дали ќе даде, хемоглобинот мислам дека беше малце низок ама рече не е страшно за да се почне со месо одма... Фино си качуваше килажа, родилна 2.300-400 сега веќе има 7кг и нешто
Јас мислам дека тој компот нема да ти стои затоа што нема шеќер бидејќи шеќерот му доаѓа како конзерванс на компотот. Кога отвараш тегла пази да не е скиснат.
Како стоат кашите инаку што немат шеќер? Ги затвараат жешки и се вакумира. И јас така направив. И на @duffi свекрва и па биле ок.
Не мора шеќер,две години по ред правам и ниедна нема скиснато. Јас му правам овошна каша,за јадење и пиење е кисело.
Па работата е да биде без шеќер, нели. А кисело како оцет кисело или ?!? Не правиме муабет за индустриски каши, компоти и сл. тие кога ќе акнат пастеризација, стерилизација (зависи од овошје или зеленчук) и што уште не, е друга приказна, зборам за во домашни услови. И јас се мислев да направам затоа што бебчо ќе почне да јаде од Октомври. Мора нешто да го ,,држи,, тоа овошје за да не скисне. Има допир со вода и кислород...
Штом нема причина за одложување јас не би чекала. Овошје и зеленчук се супер ствар за витамини, влакна, антиоксиданси.... Ама при растење на телото му требаат протеини и масти, тие се дел од градбата на секоја клетка, мускулна, нервна, крвна... а најдобар извор на такви протеини и масти е храната од животинско потекло. Железото исто, ниедна храна од растително потекло не може да го надокнади железото кое се внесува со месото, а тоа е клучно за јакнење на хемоглобинот. Килажата како килажа само по себе не е толку битна, многу други работи се позначајни.
Прашав, ни дадоа сега телешко три пати неделно по 50гр со зеленчук, а за сабајле нешто житно со овошје, овес палента само да нема глутен.... Ја земав некои од хип ама сеа видов дека има глутен во нив Врска неам што да комбинирам... А пробавме за ручек некоја каша ама во прав од лино со ориз ми ја плукна и дур да ја направиш упатствата за џабе се :/
А млечно.?. . Сестра ми ме премоли дај му на детето кисело млеко јас нее педијатарот не ми кажал уште, ми вика а лубеница и даде да проба? - не ќе ме потепаше..
7+ почнав со млечно. Од лубеница скоро минимални се шансите за алергиска реакција , само да не му биде тешко на мешето. Она е 90% вода.