Даваш 2 вечери ти значи , погрешно е да. 3 оброци се доволни , последна ти е вечера околу 19:00ч најкасно. ќе гледаш да даваш доволна количина млечни продукти во оброците и така ќе внесува се што е потребно. Не е страшно доколку не пие никакво млеко.
Значи да не давам 2 вечери. Се мислам дека не е доволно најадени, имавме ред со млекото поготово пред спиење.
Со 2 вечери само може да му го оптеретиш мешето. Калориски вредни намирници ќе даваш , и млечни продукти и најаден ќе е. Будење навечер не е од глад , најчесто е од навика.
еве го нашиот ред ,појадува 9-10часот , цица околу 12 на прва дремка , руча околу 14ч , пак цица малку околу 16ч на заспивање и вечера околу 18:30-19ч. Значи би дошло отприлика околу 3 саати
Домашно направена каша од зеленчук ориз,морков,тиквица и кромид дали може да се чува во фрижидер а потоа на собна температура да се даде на бебе
Сезона е на овошје и зеленчук а бидејки имаме наше органско производство сакаме да складираме за зима. Читам ама неможам да се одлучам дали да замрзне е или да ги конзервираме во тегли ( што би рекла мајками како компот). Какво е вашето искуство?
Јас замрзнав во пластични, сецкано измиено овошје - сливи, нектарини и круши. Планирам зелена и црвена пиперка за некој ден, тиквичка и тиква. Другото здравје свежо ќе се бара, ограничен ми е просторот во длабоко....
Што мислите за на одмор да се спреми од дома некои мафини, палачинчиња, без млеко/јајца и да стојат во онаква термо торба по пат, па после во фрижидер, за дента и утредента евентуално? Сте носеле нешто готвено од дома за на одмор, што било тоа и како го транспортирате идеи?
Ај ќе прашам и тука. Што има од овошје и зеленчук сезонско на зима? Дали замрзнувате храна за тој период? Бебушот ми е сега 7 и пол месеци, не знам дали треба нешто да припремам од сега? Сливи планирам обавезно бидејќи мака мачиме со запек.... Друго не знам што да правам, дали и што да замрзнам ?