Веќе повеќето овошје и го нема на пазарите. Јас замрзнав праски, кајсии,цреши, сливи, пиперка зелена и црвена. Додека има свежи не вадам од замрзнувач, ама вчера купив круши и не ги бива веќе. Јаболките веќе си се сезонски, исто тиква сега ќе почне.
Ја имав лани домашни јаболки, стоеја цела зима во подрум, ама од оваа година одма се скапаа, така шо ќе немам ништо домашно. Знам некои дека пиперки и домати замрзнуваат за на зима. Исто и сливи (само не знам колку има сега сливи, на нашите им помина веќе сезоната). Тикви ќе има свежи. Друго нема баш.
И ние имаме домашни јаболки, даалеку повкусни се од оние од пазар, природна боја, блажина. Не се воопшто прскани и третирани. Усправ исто да најдам кајсии, сливи и круши, баш она што викаат собирани од земја, кога сами паѓаат од дрвото.
Ги замрзна ли и кајсиите? Крушите може ќе стојат, а можеби и нема да стојат зимоска ако не се во фрижидер.
Да, измиени, исчистени од лушпа и добро исушени. Ќе видиме какви ќе бидат. Се надевам дека 2-3 мин отстоени во топла вода ќе ги биде за каша. Се ми е во замрзнувач.
Јас сега би си замрзнала само патлиџани ако има уште убави по пазар, евентуално и пиперки. Друго ќе си јадете сезонско, јаболка, крушки, тикви, калинки, киви има тоа цела зима. Нема нешто друго од овошје во моментов за да замрзнеш.
Како бе не ги бива, сега се најубави. Си ги утнала нешто. Иначе со синко се смрзнував, сега не планирам, има се да се купи во секое време, може малку поскапо ама има. Кога не му е сезона ќе јаде купечка каша или пак ќе јаде кога ќе дојде сезоната. Со синко се потресував и на крај јаде 3-4 работи сега, ова планирам да не се потресувам ама ич, да го хранам од старт послободно (освен алергени нормално) па ќе видиме што било правилно.
Во врска со алергените, сега препорачуваат да се воведат порано, секако претпазливо, бидејќи се намалувал ризикот за алергии а не како порано што се мислело да се одложуваат.
И патлиџаните отидоа, кај и да е и пиперки убави ќе снема. Иде сезона на зимско овошје сега, јаболки у изобилие на пазарите.
Јас замрзнав кајсии, праски и сливи, бидејќи имам домашни непрскани. Друго не планирам да замрзнувам и да се потресувам, бидејќи највероватно бебе ќе јаде само 2 3 врсти на каша. Со првото готвев по цели денови, комбинирав, на пареа готвев, купував домашно петле, домашно ова она....а ќере само ставаше во уста слива купечка каша на Лино, круша на Хип, домапна од брокула, чоколино, медолино итн. На прсти се броеше тоа шо јаде.
Не се бланшира се, само карфиол, брокула, спанаќ, блитва. Овошјето се лупи, чисти, се сецка на коцки или половинки. Разгледај кај malabebavelikigurman.com има како се замрзнуваат разни зеленчуци и овошја.
Јас олупено и на половинки, по неколку. Ако правам само од овошје на почеток, повеќе ќе треба за некоја количина. Потоа веќе моме да се комбинора, најчесто ориз и просо одеше прво, така да доволно е 1 2 овошки во кесе... Мислам по моето искуство досеа
Јас врска неам, дека прво дете. Ама свекор ми одгледува и овошје и зеленчук непрскано па да си тргнам некои работи дури има.
Мајки ние почнавме со вкусови .. ама ме интересира дали може тегличка од готова кашичка да и ја давам 3 дена (не загревана и да стои во фрижидер ) бидејќи пробуваме само по 3 лажички ?
Види на тегличката што пишува, некои може да се чуваат 2 дена, некои 3. Ако сакаш да ја користиш една тегличка 2-3 дена треба да извадиш од неа количина што сакаш да ја дадеш и да ставиш во чинивче и така да јаде бебето. Ако јаде директно од тегла тоа не се чува, се фрла бидејќи е контаминирано со лиги.
Мајки, ние сме 4 месеци, не сме уште на вкусови, ми текна да прашам дали ќе ми треба готвач на пареа за спремање на неговите оброци?