Сите имаме по некоја тајна која ја чуваме, НО прашањето ми е колку можеме да ја дочуваме? Пред некој ден, една тајна што ја имам, толку сакаше да излета како катапулт од мозоков, на самиот врв на јазик ми застана..со тешки сили ја вратив назад, ја проголтав...Моабетов ми е дека чување на тајни делува исцрпувачки на мозокот, некои научници велат дека делува за појава на анксиозност..како и да е, мора да признаеме дека не е толку едноставно да се чува тајна. Умеете ли Вие да чувате тајна? Напорно ли ви е тоа чување и дали сте почувствувале потреба да ја обелодените, да се олесните, да се покажете интересни пред пријателите?
Чувам, и тоа од најмала ситница до најголема тајна. Моите тајни некои се исчувани некој не.Толку биле прави другарки. Чувам тајни кои морам да ги чувам а ме болат на душата, ме гушат.
Не ми рекла дека е невозможна мисија, барем за мене Чувам тајни и ќе ги чувам колку што е потребно. Иако нели, се вика дека ако тајната ја знае повеќе од еден, веќе не е тајна. Знам да чувам тајни и не ми е тешко, и онака не сум личност што многу зборува и си комуницирам само со потесен круг на луѓе (интроверт сум) така што, безбедни ви се тајните кај мене. На моја кожа имам почувствувано како е да слушнеш нешто за што си мислела дека ќе биде вечно чувана тајна. Не е пријатно, но добра лекција е. Молчењето е злато. Сметам дека е вистинска уметност човек да замолчи кога треба.
Не е невозможна мисија за мене. Имам мои тајни кои не можам да ги кажам колку и да се обидувам, не па да не можам да ги задржам. Не сум добра на изразување чувства со зборови и мислам дека ќе бидам погрешно сфатена. Некогаш толку премногу ми тежи што ми иди да викам да се дерам да ми олесни, ама тоа што ми е внатре никако не може да излези. А кога друг ми се довери воопшто не ми е проблем да ја чувам тајната, ако треба цел живот.
Очекував нова тема од тебе и бидна. Ептен си ни креативна бабе. Една од работите што не ги сакам е да ми издаде некој тајна, нешто кажано во доверба. Не сакам ни кога мене ми се случува да издадам нешто... Треба силен карактер да имаш за да го зачуваш во себе она што го знаеш. Како дете бев тужибаба. После почнав да чувам тајни, ама имаше ситуации кога, поради х причини, ги издавав некои од нив. Пред скоро време издадов една тајна што не требаше, со намера да спасам ситуација... Воглавно, ако се случи нешто да кажам, тоа не е заради желба и апетит за трач, оговарање и слично. Тие работи не ги сакам. Чувам тајни додека не се најдам во ситуација да сум на некој начин принудена да ги кажам. Ако не се најдам во таква ситуација, супер, тајната иде со мене во гроб. Едит: Насловов може да се смени од невозможна во (не)возможна
Чувам тајни на тие што знам дека ги чуваат моите. А тие што знам дека ме издаваат у секоја дадена прилика, ги издавам и јас АКО ми се интересни...упс.
Чувам тајни зошто ми се сепак доверени само од најблиски луѓе и не ми е воопшто напорно ни за мозок ни за душа. Никогаш ни намерно ни ненамерно не ми се случило да кажам на некој друг нешто што ми е доверено како тајна, а знам дека лошо ќе биде ако јас сум таа што кажала, издала и за мене и за личноста што ми се доверила. А, сум осетила на своја кожа како е кога трета личност во караница ми има плеснато во лице нешто што сум го доверила на личност на која најмногу сум и верувала. Чувството е повеќе од бедно. Поучена од таа ситуација, не се доверувам на никого а тајни чувам до гроб што би се рекло.
Мене ми се товар тајните и не обожавам кога некој ќе сака да ми се исповеда. Еднаш имам злоупотребено доверена тајна и тоа само за собирање поени на работно место, да се офајдам нешто...додуше и ми се исплатеше.... Сепак треба некои доверени работи да се преиспитаат оти повеќе се како барање за помош..некогаш не треба да ги криеме длабоко во себе, треба тајните да ги споделиме со некој и да вродат позитивна разрешница....сакам да кажам дека има тајна и тајна, нели..се не треба да се чува
Несакам да ми кажуваат тајни и не кажувам свои тајни. Дури во некои ситуации ИНСИСТИРАМ да не знам. Мене тоа ми е товар и цело време ќе го мислам. Своја тајна не кажувам, немам потреба од ризици во животот.
^ Понекогаш тоа што е добро за останатите мораме да го ставиме пред своите потреби. Чувам тајни без проблем, и свои и секако туѓи.
@baba Rada одлична тема! Браво за креативноста Инаку, сметам дека зависи до карактерот и намерите на личноста која ја чува тајната. И секако игра голема улога дали тајната е наша или туѓа. Бидејќи не се интересирам многу за туѓите животи и не сум емоционално блиска ниту приврзана за никого, не знам и не чувам туѓи тајни и проблеми.
@baba Rada ако сакаш да споделиш своја тајна со некого, тоа значи дека таа тајна не е доволно важна за никој да не сакаш да дознае за неа
Напротив...може толку важна што не постои толку доверлив и достоен за да ја споделам Мојата тајна за мене е најбитна.
Two can keep a secret if one of them is dead Не кажувам тајни никому, немам ниту толкава емоционална блискост, ниту доверба, ниту пак самодоверба за да искажам нешто што би го сметала за тајна. А редовно, ако некој морало да дознае нешто што знае дека не треба никому да го каже, дали во 2-3 случаи си останал на зборот Тајни лесно чувам, многу луѓе ми се доверуваат и воопшто не ми е проблем да ме кажам никому. Сепак имам почит за туѓата приватност, туѓиот живот и нивните одлуки. Едит: не можеш да очекуваш дека некој ќе ти ја чува тајната. Ако ти не си можела да ја сочуваш, зошто би ја чувала другата страна?
Сум ја слушнала песнава ! " Got a secret Can you keep it? Swear this one you'll save Better lock it, in your pocket Taking this one to the grave If I show you then I know you Won't tell what I said 'Cause two can keep a secret If one of them is dead? "
Незнам како би ја дефинирала таа тајна која ти го пара срцето и нон стоп ти излегува на површина, кога неможеш некаде во некое делче од мозокот да ја сместиш и да си чучи мирно таму..оваа тајна боли и затоа сакам да ја споделам, некако се олеснувам..но не ја кажувам целосно, само делимично...ох, ниту јас не се разбрав, незнам дали и ти ќе ме разбереш