Возможно е, зошто да не. Во принцип не сакам да издавам свои работи никому, дури ни на некој најблизок зошто пуста параноја ќе ме изеде со помислата дека штом сум отворила уста да кажам на еден одма цел свет ќе дознае - иако имам доверба во тој еден. Затоа, молчењето ми е најубав избор. Не сакам баш ни да ми доверуваат ептен нешта во тајност, но кога веќе некој нешто ти кажал што ќе правиш, не е дека можеш да му ги вратиш зборовите. Сепак, не одам по улица на разглас да раскажувам. Тоа што ми било кажано го пикам таму позади во некое прашливо ќоше од мозокот и се правам дека не постои, воопшто не мислам на истото зошто не е моја работа, и немам никакви желби и потреби да прераскажувам никому ништо.
Верувај ми, совршено те разбирам Можам да замислам како се чувствуваш бидејќи и самата чувам една мрачна, гробарска, грозоморна тајна која буквално никој жив човек не ја знае, дури ни моите родители а ме гуши буквално секој ден.
Да, јас чувам тајни. И мои и туѓи. Тие што ми се блиски, знаат дека што ќе ми кажат, останува кај мене.
Е точно тоа, тајна што ме гуши и едвај чека да го види денот..до кога може да се издржи ..и дали може воопшто..затоа и пишав дали е невозможна мисија!??
Кога на некого му веруваш безусловно и ти е најблизок, ќе му ја довериш тајната која и те како ти е битна. Ама кога ќе видиш дека јазикот не си го држи врзан, тајните си ги чуваш во себе, па макар и да експлодираш. Животот ни дава убави лекции, дефинитивно.
Може да е твоја лична тајна, можно е да си несакајќи сведок на тоа...не секоја тајна е кажана од некој...
Не е туѓа, моја си е. Да речам дека ме плашат последиците од тајната, па ми е помило кога само јас си трпам. Не сум се нафатила, сама ме најде.
Па кај мене е спротивното, колку и да е болна тајната, не дозволувам никој жив да дознае за неа и буквално сум подготвена се да сторам ...
А што правиме кога човек сам страда со својата тајна? Поради нешто што не се осмелува да го каже никому и тоа нешто толку му тежи, што го спречува нормално да живее? Не знам дали е поради голема недоверба, дали е поради лоши поранешни искуства, но јас имам една т.н. тајна што не собирам храброст да ја споделам со никого, а потребно ми е. Што би направиле вие во тој случај?
Јас сум човек кој можи и умее да скрие многу работи и од таму можам и чувам многу тајни. И сите пријатели тоа го знаат, па кога нешто се крчкаат не се ни мачат да ме прашат да не случајно знам нешто зошто знат дека ќе заокружам доволно од околу за да заборават што прашале. Имам и друг пат пишано, јас никогаш не сум лојална на луѓе, туку на тајни. И да се скарам со некој, неќам да се плаши дека нешто кое не сака другите да го знаат за него - дека ќе излези. Со мене тоа нема да се случи.
Затоа душо во воведот на темата пишав дека многу анализи докажале дека такви тешки тајни делуваат на мозокот, човекот станува анксиозен, депресивен, не може да се фокусира на своите обврски идр...