Да, тоа го гледам од искуство Работата е како да се ослободи од тој товар, знаејќи дека никој околу него не е доволно сигурна личност за да ја знае таа тајна?
Зависи, ако тајната сакаш да ја споделиш со некого, мораш да бидеш премногу внимателна и треба да имаш 100 % доверба во таа личност. Сепак, треба да имаш на ум да процениш дали таа личност психички може да ја поднесе твојата тајна
Мене повеќе ме плаши дека на погрешна особа ќе се доверам кога ќе бидам премногу притисната од таа тајна и во тој момент на стегање ќе се најдам поред погрешна особа...незнам, можеби и на форум???
@baba Rada @prominent еден совет од мене- никогаш немојте да верувате никому, не можете да знаете што мисли таа личност на која и се доверувате. Едноставно мора да се убедите самите дека таа тајна не смее никој да ја дознае и готово.
Обично и во разговори кога зборуваме нешто се трудам да филтрирам што и како пренесувам ако има потреба од пренесување. Не мора некој да ми каже тајна и да ме замоли да ја чувам. Се знае каде ќе остане. Тајната не е тајна ако ја знае повеќе од еден. Тој еден е сопственикот на тајната.
Тајна е ако ја знае еден човек 1 Ако ја кажеш на некого,до единицата има уште единица 11 Ако тој еден ја каже на уште еден,не се тројца туку 111 И понатаму,со секој еден со кој се спиделува тајната е уште една единица плус 1111111111..... итн...
Е Може да се нарече и алапача на пример место Алајпрда Во контекст на темава ... Чувам она што е суптилно, се однесува за нечиј живот и доколку се расчуе нештото може да биде болно за страната чија е тајната. Све остало је трач
Цитатот всушност е three can keep a secret if two of them are dead, од Бенџамин Френклин, еден од моите омилени, а преобработено изгледа во песничето за малите лажливки. Тајни чувам, кога нешто не е мое за кажување не чувствувам потреба да го споделам со друг. Па и за мене кога се работи, само ако ми треба совет може да се доверам, инаку не.
Малите лажливки не сум ја гледала, песната сум ја слушала, а за цитатот - знаев дека е преработен од некаде, ама не се сеќавав кај сум го сретнала во поинаква форма
Пред некој да ми се довери прашувам дали знае некој друг. Знам да чувам тајни и затоа не сакам ако кажале на други да ми се доверат. Утре ако се дознае, не сакам да бидам доведена во ситуација да морам да се докажувам и правдам дека не сум издала јас. Некогаш знам да се доверам ама на прсти се бројат оние личности во кои имам максимална доверба. Некои работи си ги чувам само за себе.
Секој од нас има по нешто што треба да остане премолчено. Чувањето на тајни не секогаш и не за секого значи невозможна мисија.Туѓите тајни ги потиснувам во меморијата на сеќавањата со ознака строго доверливо и со тек на времето не чувствувам никаква тежина за складираниот материјал.Споделените зборови можеби се поголем товар за тој што одлучил да ми се довери. Тоа се моменти и чувства за кои другиот носи одлуки како ќе се справи со силината на чувствата и мислите. Со оглед на тоа што не сум многу зборлива личност, моите тајни се тајни само кога си ги задржувам за себе. Не сум расположена да разговарам со блиските, особено не со женската популација. Сакам да се раководам според интуицијата.Таа е единствената особина на која се потпирам и во најголем број случаи не сум погрешила. А кога ми се случува спротивното, сама се соочувам со последиците. Големината на една личност ја препознавам во способноста да премолчи кога е потребно. Не е лесно, но е возможно кога некој умее да ја препознае ситуацијата и така да постапи. Лесно е да се самопрогласиме за умни и да делиме совети,но кога ќе се најдеме на истата позиција, стануваме свесни дека се е поинаку од едно пренагласено мудрување.
Jaс искрено ич не знам да чувам тајни ниту пак сакам некој да ми се доверува. Едноставно таква сум, како да ми е товар на душата ако не споделам со некој. Не е дека не може некој да има доверба во мене за да му се најдам во тешка ситуација, ама не можам...Не сум злопамтило ниту се смеам на туѓа несреќа ама тајна никако не умеам да чувам. Немам некои посебни тајни и така да не ми е мака и на некој што кажам да каже и тоа е тоа.
Сметам дека кога личност доверила тајна, доверила со причина. Прво затоа што ви верува, второ затоа што ве смета за интелектен човек. Од мој аспект тоа за мене претставува респект, индиректен комплимент. И не гледам потреба зошто да се издаде тајна дури и ако е издадена вашата, бидете тоа што таа личност не успеала да биде, човек во доверба.
Мене една другарка кога беме средно ми вика ти си единствената што не ме издала, најдоверлива си од другите. И да ви кажам знам да чувам тајни, и ако ми се доверила барем и за глупост или за нешто важно. Но за мене е тешко јас да се доверам на некој без да го знам многу време. Во животот се доверив само на две личности од која едната ја гледам а другата никогаш мислам нема да стспам во контакт.
Зошто очекувате да не би ве издале некоја тајна кога ни вие самите со кажувањето на тајната сте се издале самите себе ? Ги чувам за себе тајните