Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чување на тајна е невозможна мисија

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baba Rada, 4 јануари 2018.

  1. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Туѓи тaјни мoжaм дa чувaм, не ми претстaвувaaт никaкoв тoвaр, нo свoите не, секoгaш имaм пoтребa дa ги дoверaм некoму, иaкo реткo гo прaвaм тoa.
     
    На crimson и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Искрено тајни не кажувам на никој, освен на сестра ми што имам кажувано. Се случило неколку пати да разговарам за некој проблем , но во главно немам доверба , а и не чувствувам потреба да се исповедам на некого, никој не може да ми даде совет подобар од оној што можам да си го дадам самата на себе.
    Два пати во животов имам послушано совет од друг и гадно сум се зезнала, затоа при донесување на одлуки ,при поголеми проблеми и поважни работи се слушам исклучливо самата себе.
    А за ислушување ислушувам, не дека не, ама само поважни личности, со подалечни немам ни волја , а ни желба, зошто многу ме заморуваат и психички ми влијаат.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.654
    Допаѓања:
    167.838
    Пол:
    Женски
    Ако му си мајка требало тоа да го направиш додека било мало детето, на 37 ако те моли - треба да му кажиш. :D А ако не си мајката или таткото, тогаш ќе му кажиш дека нема како да знаеш дали е посвоена или не, дека е најдобро да зборува со нејзините родители и вистината да ја најди во нив. ;)
     
    На toogood, crimson и Yowannty им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    79.557
    Пол:
    Женски
    Имам роднина, посвоен. Речиси 30 години. Не знае дека е посвоен. Ние другиве знаеме. И ја чуваме тајната. И немаме право ние да му кажеме нешто за тоа. Родителите одлучуваат дали ќе кажат. Стварно би било дебилно некој од страна да каже ваква работа.
     
    На toogood, eliesaab и Плавуша123 им се допаѓа ова.
  5. Сherry.girl

    Сherry.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Зависи до тајната и зависи кој ми ја кажал. Најблиските другарки, фамилијата, дечкото тие што навистина ми веруваат и им верувам никогаш не би ги издала, а оние "другарките" па баш и да ви кажам најискрено не се замарам дали ке ми излета нешто или не. Пример со најдобрата другарка е што ќе дознаеме или ќе ни каже некој си кажуваме, како беше само јас ќе знам (и мојата најдобра другарка):rofl: , но што и да си кажеме нешто меѓусебе за нас никогаш не сме се издале.
     
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Која тајна? Ако било тајна ќе останела помеѓу еден или двајца. Какви роднини се тие што што пренесуваат "тајна" на сите околу и какви родители дозволуваат еден куп луѓе околу нив да знаат нешто за нивно дете а да го држат него во заблуда?
     
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    79.557
    Пол:
    Женски
    И ти си во право.
     
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека тајна мора да биде меѓу двајца тројца!?

    Еве, пример од моево искуство...брачен пар што немаат деца а прекрасни особи, добри, културни вредни(ова се случило пред многу години), нема многу да објаснувам за да не дојде до распознавање...
    Едно утро, пред врата наоѓаат бебе во кошница оставено и едно писмо...и така натака, бебето го присвојуваат како да е нивно родено...сите комшии знаат, само детето не знаело се до денот кога во сообраќајна несреќа загинуваат двајцата.
    Потоа следува наследство, па доаѓаат далечни роднини и клопчето се одплеткува...и да не должам, дојдовме во ситуации кога моравме таа тајна ние што ја криевме од нејзе да ја обелодениме...приморани бевме...и така натака, има многу за раскажување...но верувајте дека тешко беше.....
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    За жал, во оваа средина особено, посвојување не може да остане тајна. Единствено да замине семејството некаде далеку. Јас имам еден посвоен братучед, ама му кажаа уште како мал. За да не разбере од некое дете од комшии или нешто слично. Луѓето секогаш зборат, еднаш засегнатиот ќе слушне.
     
    Последна измена: 6 јануари 2018
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Можам да чувам туѓи ама своите потешко. :D Не знам зошто ама мора да кажам бе. :headbang: После ми е мака.
    Сепак има и работи што никогаш не би ги кажала. :)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  11. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Zosto treba posvojuvanjeto da e tajna? :^)
     
    На Someonespecial, Annath, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.543
    Допаѓања:
    201.664
    Пол:
    Женски
    И јас се прашувам. Подобро е детето да знае од мало, отколку некој "добронамерен" да му го истресе во муабет кога не треба. Оти детето ја заслужува вистината. Нема ништо лошо во посвојувањето, напротив. Луѓето што го прават тоа имаат големо срце.
     
    На toogood, Nigredo Odor, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.654
    Допаѓања:
    167.838
    Пол:
    Женски
    ^^ А, и детето ќе биди помалку повредено кога ќе му се кажи како мало. На еден начин тоа ќе прифати дека е посвоено дур е мало, за него тоа ќе биди вистина, ама во исто време ќе биди среќно со своите родители. Кажување дека е посвоено кога е постаро баш испаѓа дека е лажено цел живот. Никој не заслужува такво нешто. Ама, ова е нешто кое мора да се случи и кажи измеѓу детето и родителите. Никој друг.
     
    На toogood, Annath и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Незнам навистина да кажам дали е исправно посвојувањето да се чува како вечна тајна или пак на некоја одредена возраст(само на која), да се открие вистината!?
    Можно е да се молчи поради фактот дека секој ќе биде разочаран, длабоко психички повреден, па ќе почне во потрага по своите биолошки родители идр.
    Порано во Македонија, во селата, говорам за уназад 60 и кусур години, родителите што имаа многу деца а не биле способни за чување, давале дете, споразумно на свои роднини....свашта имало порано, како примерот со оставање бебр на праг од врата.(facepalm)
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.654
    Допаѓања:
    167.838
    Пол:
    Женски
    Кога е дете. Од ден 1 да се кажува тоа. Па после како што ќе му биди факт дека зимата е студена, факт ќе му биди дека е посвоено. Во повеќе наврати дур расти треба да му се кажи на начин на кој ќе сфати. Кога ќе порасни тоа ќе знај дека е посвоено ама живеело до тогаш како такво и нема едноставно да размислува на темата зошто е затворена на еден начин, одамна. Некогаш, има големи шанси да сака да си ги најди биолошките мајка и татко, и во тоа родителите е само фер да го поддржат.
    Кој би сакал да биди лажен?
    Но сепак, роднини, пријатели - не е нивно да го шокираат детето со вистината, туку да ги насочат родителите во прав правец да ја донесат вистинската одлука во врска со кажување на вистината.
     
    На toogood, Annath и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски

    Таква тајна, која како пекол гори во душа, тешко се кажува. Танталови маки се тоа да најдеш вистинско време и вистински зборови...а после тоа следува потоп.
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.654
    Допаѓања:
    167.838
    Пол:
    Женски
    Кога си мал и ти кажуваат нешто го знаеш ама не мислиш на тоа. Знаеш дека си посвоен ама не ти е приоритет за мислење. И некогаш во далечна иднина кога се прашуваш зошто очите ти се сини, на кој родител се метна - тогаш станува приоритет за мислење и не е трагично зошто детето веќе знае, не е лажено.
     
    На toogood и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.641
    Пол:
    Женски
    Доверена тајна е одговорност. Може во зависност од ситуацијата да натежнува и предизвикува морална дилема во специфични посериозни случаи, но општо гледано невозможна мисија е за неодговорни и незрели луѓе.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Не би ги дефинирала така грубо, неодговорни и незрели.. Разоткривањето на некоја тајна може многу работи да среди позитивно..
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    .... ги прелетав сите коментари околу темава ТАЈНА , па малку повеќе би искоментирала ,
    за да се искаже нешто околу тоа што значи за мене конкретно ТАЈНА, треба да биде поделена областа за која зборуваме т.е. каде е Тајната?
    - дали е тоа ПРОФЕСИОНАЛНА тајна ? на работно место однос кон колеги КОЛЕГИЈАЛНА тајна или кон фирмата како ДЕЛОВНА Тајна,
    - дали е тоа СЕМЕЈНА тајна ? во кругот на семејството или пошироко кон роднини на тоа семесјтво,
    - дали е тоа ЉУБОВНА тајна ? лична или од своите познаници,
    - дали е СВЕДОЧЕЊЕ тајна ? како сведок на лична или од познаници несакана ситуација,
    **вака би била погруба поделба на Тајната и тежината за оправданоста на нејзино чување или нечување ! ***
    тука мора да додадам една многу важна појава кај луѓето како ТАЈНА како метод ЗА БРЗО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА посакувана ИНФОРМАЦИЈА пласирана кај првиот пренесувач како ТАЈНА што често пати несвесно или свесно применето за брзо пренесување на информација за која едниот пренесувач ја знае, ама не сака да биде одговорен, па ја користи другата особа како преносител укажувајќи дека му кажува ТАЈНА, за да овој вториот не може да ја „издржи“ тајноста и за краток период биде пренесено...
    (искрено, ако сакам некоја информација со брзина на светлина да се пренесе во нашите простори, доволно да одберам личност која има проблем со чување тајни, да кажам дека пренесувам ТАЈНА која МОРА да ја чува, и таа информација ќе биде пренесена побргу отколку да прикачам јавно известување!)
    инаку проблемот со чување на тајната на некоја личност, доколку не е злонамерна последицата, не е проблем оти може да си го задоволи своето неспособно чување на тајна со пренесување целосно на Тајната, но без важни информации околу името, местото , така да бидат заштитени инволвираните во Тајната, а чуварот на тајната нема проблем што си ја кажа доверената тајна, а тежината од чувањето на истата - ќе се ослободи!
    (ете пример, со бебето во кошница, кажана тајна ама без име, време и место со што се заштитени истите во тајната)
    И на крај да не должам, оти има многу за пишување на ова тема, па да не биде во еден пост, да укажам дека чувањето на тајна, не значи дека се прави добро дело, дека сме добра личност, па знаеме да чуваме тајна и сме пријател кон доверителот на тајната, напротив чувањето на тајна може да биде една лоша особина на човекот доколку не знае да ја процени оправданоста на суштината на самата тајна да остане тајна или да биде истата кажана тајната како добро дело!
    (ќе кажам сопствено искуство,
    пријателка која веќе си имаше нов љубовен живот, оставајќи го минатото далеку позади, се приготвуваше за најубавиот чин, секогаш кога ќе се сретневме, покрај другото, ми се исповедуваше за екс љубовта (што лично и јас го познавав) напоменувајќи да го чувам тоа во тајност, ајде еднаш, ајде два пати да се каже како тајност, ама секогаш на нашата средба тоа да се спомне, тоа веќе не го гледав ниту како исповедување, ниту како да сум јас омилена па и треба рамо за плачење, туку природен нагон за помош за која лично и ТАА самата не сака да си го признае, па не превзема никаква акција ниту да заборави туку упорно да ми пренесува нешто како Тајна што е позади неа- со која цел??...
    НО, размислував како ТАА реагира психолошки несвесно или свесно укажувајќи за ТАЈНА која сака да НЕ БИДЕ ТАЈНА --па решив да и се помогне ТАЈНАТА ДА НЕ БИДЕ ВЕЌЕ ТАЈНА, затоа што е многу лошо за иднината на мојата пријателка да стапи во брачни води, а да „офка“ за минатото, а додатно тоа ќе биде добро дело што ќе го направам како хумана личност...
    се дадов во акција и во случајна средба со нејзиниот екс човек, што е и мој другар, пиејќи кафе одоколу прашувајќи за неговиот моментален живот, ми ја довери ТАЈНАТА, дека многу му било криво и незнајќи самиот зошто ете раскинале со мојата пријателка онака без некоја причина...
    без да навлезам во детали кој е крив, го прашав што ако му кажам дека ТАА се уште многу го сака, на што тој рекол дека АКО Е ВИСТИНА све ќе се сменило и дека ќе ја побарал, ама било касно, оти ако не сум знаела таа веќе ќе стапи во брак.,
    третата личност која требаше да биде иден сопруг на мојата пријателка, се распрашав на каков начин се запознале со мојата пријателка и увидов дека едноставно се нашле како во исто време на депресија на една прослава каде двајцата разочарани се зближиле, така да не ја видов жарта и страста на нивната врска, тоа ми беше пресудно дека нема да му нанесам „голема штета“ ако ги зближам овие другиве двајца кои ете ми споделиле Тајна која јас решив да ја разоткријам !
    ...кажувајќи и на него и на неа дека се уште има љубов меѓу нив што мора да заврши на поинаков начин и замислите и покрај искрата во нивните очи и двјацата останаа инертно да НЕ превземаат нешто околу нив...
    хм, морав да идам до крај и да ја бутнам работата, искористив можноста кога ми се јави пријателката да се консултира нешто со мене на кафе некаде да седнеме, прифаќајки го тоа насочувајќи време и место од моја страна, за да исто време се јавам на мојот другар укажувајќи дека хитно ми треба за некоја работа укажувајќи го истото место и време...
    таму на локацијата бев прва , дојде и пријателката и за кратко и другарот, ги седнав нарачав кафе и реков дека морам да си одам хитно демек ме викале на работа и тоа беше веќе не се јавив !
    долго време немав смелост да се јавам што се случи, ниту едниот ниту другиот веќе не исконтактирале со мене, ниту телефон ниту поздрав да пратат, за да после на ФБ видам слики од свадба, пресреќни лица ... погодувате чија свадба? Јас направив добро дело ШТО НЕ ЈА ДРЖЕВ ТАЈНАТА ВО СЕБЕ, се венчаа тие што вистински се сакаа, иако не бев поканета ниту од едниот, ниту од другиот јас бев исполнета дека придонесов за една голема среќа ( денес имаат две деца и живеат во идеален брак, а третиот веднаш се прежена со негова екс девојка така да сите среќно си живеат со ЕДНА ТАЈНА што не ја држев во себе ! :)
     
    Последна измена: 7 јануари 2018
    На N.2106, jovana03, SofiMar_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.