Чување на тајна е невозможна мисија

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baba Rada, 4 јануари 2018.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.865
    Допаѓања:
    122.954
    Како "дечишта" може сум чувала . Јаките тајни де ( оговарања за овој оној, љубовни тајни и фамилијарни по некои).
    Мои "тајни" не чувале.
    Не сакам никој да ми кажува тајни па и да ми рече ќути на никој не кажувај, само ти знаеш. Не можам психички да се оптеретувам а и ако ти е тајна нека ти биде никој не треба да знае.... Едвај додржувам нешто од мајка ми кога ќе ми каже сестра ми да не и кажувам.
    Имам една тајна од татко ми. Мајка ми ме препукна оти не знам да си го држам јазикот за заби мораше да кажам дека јас знам:( Дел морав да кажам ...
    Иии, чував тајни на баба ми од дедо ми, кога ќе направеше беља низ куќа ( читај ќе му фрли алишта, ќе си купи џемпер од тетекс или ќе работи се на скапа струја-а потоа поим нема зашто толку голема сметка :D али ова за мир у куќа :rofl:)

    Значи мои тајни не кажувам а не сакам ни да ми кажуваат. Нити лични нити професионални. ( за тие вторите и договор се има потпишано :!:).
     
    На baba Rada и mira.mira им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    Оф ми текна кои се единствени тајни кои не можам да ги сокријам. :D Кога имам спремено подарок за некој, ама треба да помини малку време - е одвај, одвај доќутвам. :tmi: Па почнав да одам поклони да купвам на дено на роденденот само за да не мора да ќутам долго. :D
    едит. То важи само за поклони кои јас сакам да ги подарам, а не некој друг да ми кажи што сака да подари на заеднички пријател.
     
    На toogood, prominent, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.