Форумџика на годината

Чување слики или предмети од бившите

Дискусија во 'Врски' започната од NovusOrdoSeclorum, 25 декември 2020.

  1. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има ваква тема, ако има слободно избришете ја.

    Јас во принцип не сум љубоморна, но ме вадело од такт кога ќе пронајдам некоја слика или писменце од бивша, збутана во некоја фиока. Сега сум веќе стара за тоа, но сметам дека пак би ме извадило од такт. :)

    Мислам дека мажите баш и не се замараат околу тоа. Едноставно заборавиле да исфрлат или слично, но лично го доживувам како краен непочит према личноста со која што живееш.

    Па ајде да видиме дали сум единствена. :)
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anastasia9228

    Anastasia9228 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    И јас сум иста... најдов едно писменце во фиока рече дека незнаел дека постои уште. И го фрли одма ама се пренервирав.
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Во ред е да ти остане нешто од некого во стан каде што не живееш/не се среќаваш со партнерот.
    Пример, од каде да знам кај моите, можеби некаде ми е затурен некој предмет или слика од бивш тип. Исто не би се лутела кога би налетала на нешто кај на маж ми родителите. Тој не живее веќе во тој простор и не е ниту битно.
    Но, според мене, домот треба да е храм на семејството кое живее таму, без непотребна енергија од трето лице, кое веќе не постои во истиот простор.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anastasia9228

    Anastasia9228 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Ама тој таму седи, во соба кај него во фиока го најдов.
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ми покажуваше дм еднаш, ми раскажуваше а јас како голем слушач тонев во приказните. Не ми смета воопшто,сите имаме спомени кои сакаме да ги зачуваме. Имам многу подароци од бивши и ги чувам.
    Сметам дека не претставува закана ако се си има свое место.
     
    На Glowy, Billy Idol, sunshinebabe и 10 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас сум таков тип што не сакам да ми чепкаат по фиоки, и мислам дека е некултурно што си чепкала каде не треба.
     
    На Billy Idol, The Saturdays, sunshinebabe и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Anastasia9228

    Anastasia9228 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Не беше без дозвола ми рече да побарам нешто и случајно го видов.
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Едно е подарок, пак ти си го носиш, што знам. Мене ми сметаат лични предмети, конкретно слики.
    И кога сум налетувала на голем број слики, конкретно од иста девојка. Ај да е пример, по една, по две од различни девојки, не би се налутила дотолку. :)
     
  9. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Да, чувам и слики и предмети.
    Истите ми се мили, потсетник на минатото и се разбира истите тие не претставуваат закана, во смисла да ми будат емоции или слично.
    Тоа се само предмети кои се мили и останале засекогаш во минатото.
    Бар за мене.
     
    На Anie93, sunshinebabe, glosipgirl и 5 други им се допаѓа ова.
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.508
    Од последниот бивши "чувам" празно шишенце од парфем и слика негова, моментално ми е забутана негде низ фиока.. Исто има останато некои пижами негови, ама искрено сега поима немам каде се за да ги фрлам, а и не се ни замарам толку.

    Од бившиот пред него ми се чини останати ми се некои книги што ми даваше да ги прочитам и не му ги ни вратив.. Слика кога бил мал уште ми стои во еден новчаник што не го користам веќе. Ах, да и чорапи :D, јас ги носев и после сум ги забаталила дома и сум ги заборавила скроз дека постојат.

    Иии имам една слика од еден бивши од матурата кога си делевме сите слики :) и баш случајно ја најдов негде забутана во фиока заедно со сликите од другарките. Омг, 6 години сум го чувала дечкото. :D

    Сите овие работи не ми значат ама баш ништо, освен од последниот бивши но искрено не ги ни гледам вака, не ми се на ударно место и не планирам да ги фрлам.. бар не сега за сега, прво зошто не се замарам и онака што знам, не осеќам потреба од тоа. Е сега кога ќе имам нов партнер, сигурно нема да ми ги превртува фиоките или да ми отвара по стари новчаници за да ми ги види сликите па нешто да ми каже..
     
    На Billy Idol, sunshinebabe, Hellobeautiful и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Јас чувам подароци од бивши и мм знае за нив ама не му пречи воопшто.
    Не дека ми побудуваат некакви чувства сите тие предмети ама ете постојат за да те потсетат на некое минато време, за слики немам слики со бивши воопшто а не па да чувам.
    Кај него сеуште немам најдено нешто од некоја бивша, освен што си ги има на фејсбук уште ама и мене тоа не ми пречи.

    А памтам порано за татко ми, он имаше цел албум со слики од него и бившата негова, дури и како се бакнуваат, ама мама не ни се замараше со тоа, после јас кога подпораснав малце мене ми пречеа тие слики премногу и фатив го запалив цел албум со слики. Случајно после тоа ги гледавме нешто сликите и на тато му текна и го побара тој албум јас тогаш му кажав дека го запалив, и ми рече зошто сум му ги изгорела спомените. Искрено сега не знам дали би постапила исто, ама тогаш ете тинејџерска работа.
     
    На Billy Idol, sunshinebabe, Ugly Duckling и 4 други им се допаѓа ова.
  12. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Не ми смета затоа што и самата чувам поклони од бивши.
    Исто и он чува некои работи кои му ги поклониле бивши, па не правам драми од тоа.

    Имав еден "другар" (јас го сметав за другар) кој беше заљубен во мене и често ми подаруваше поклончиња онака без повод и сите ги чувам. Бев во ситуација да ме праша мм од кај ми е ланчето или марамата и сл. и малку ми беше незгодно да му кажам од кого е, ама бев искрена и му кажав. Се насмеа и не рече ништо. :)
     
    На Billy Idol, Hellobeautiful, NovusOrdoSeclorum и 3 други им се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Чувам некои подароци. Не ми пречат, напротив, убави предмети се.
    Фотографии и писма не ни имам. Врските пред оваа сега беа генерално пократки и не толку сериозни, така што немам многу избор за чување или за фрлање.
    Не гледам на ова како на нешто страшно или на покажување непочит. Секој има свое минато.
     
    На Nevenche26, sunshinebabe, Hellobeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Со тешко срце пред некоја година ги исфрлив сите слики од бившите, сите писменца, а од компјутер ја избришав цела папка со слики од 7 годишен период :(

    Љубоморен е многу, затоа и го направив тоа. Исто така и сликите што тој ги имаше од бившата без проблем исфрли.

    Подароците што сум ги добивала не гледам причина да ги фрлам. Ниту знае од кого ми се, ниту има причина да му кажувам :D
     
    На molikaMk и NovusOrdoSeclorum им се допаѓа ова.
  15. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Да, чувам. Долна облека, филиграни, парфем, слика нацртана, и слики и видеа некои во телефон уште што ми стојат.

    Не планирам да ги фрлам у скоро време пошо не сум спремна на таков чекор. А и не планирам да влезам у врска дур уште не можам да ги фрлам ствариве, for obvious reasons.


    Инаку он од една бивша имаше писмо и тоа се разбира ме вадеше од такт. Мада и слики чувал, а тоа го дознав откако ни заврши врската.

    Он од мене има исто така слики и видеа, писма патетични некои шо сум ги пишувала и околу... 10тина подароци меѓу кои и ќебе со кое уште спие.

    Ствариве ги знам пошо сум cool like that with my exes ahahah (лажам, не сум ни малце) али да. У секој случај се гледа дека имаме ненормални attachment issues и ја и он.


    Али да иам дечко шо вака чува ствари од бившата, ја лично би попиздела скроз. Сметам дека со ова вака се гледа непочит према моменталниот партнер, со оглед на тоа дека јас моментално уште чувам цели олицетворенија на спомените со него и знам како се осеќам у врска со нив.
     
    На sunshinebabe, Juicy, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Чуваме слики ... и јас, и маж ми...
    Не се во 'некоја' фиока, туку заедно со другите фотоалбуми.
    Дел од животот ни се.
     
    На sunshinebabe, Kitten и NovusOrdoSeclorum им се допаѓа ова.
  17. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.420
    Чувам слики, може за blackmailing ќе ми притребаат некој ден. :D

    Шала на страна, ако некогаш бидам во сериозна врска и сликите пречат на партнерот, мислам дека само би ги ставил во некој cloud storage каде што нема секој ден скролајќи низ галерија и нив да ги поминувам.
     
    На Stephen Amell, Someonespecial, winnie7 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.209
    Пол:
    Женски
    Не чувам ништо за да се поштедам од обраќање очи.:D
    Секогаш кога сум наидувала на некои слики и подароци ми се враќале најлошите работи и не можам да си се изначудам колку сум била глупава. Едноставно ми немаат работиве никаква емоционална вредност, па не гледам потреба да ги чувам. Ама ова од пред којзнае и колку години, кога и самата сум била дете сè уште и реално навистина немам некои спомени кои би вредело да ги зачувам.

    Е кај моите беа останати некои обетки, мајка ми битно им се изнаносе дури не им испопаѓаа сите камчиња. :D
     
    На sweet-cherry, Blue.Sky, Stephen Amell и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.119
    Пол:
    Женски
    Многу се приврзувам за луѓето без разлика дали е бивша другарка или бивш дечко, сакам да имам нешто на кое ќе се сеќавам. Не се работи за љубов или романтични чувства, едноставно за некоја носталгија, спомен.
    Ги чувам подароците, никогаш не би ги фрлила, некој се потрудил и во тоа време сум била среќна.
    Од сликите ми се јавуваат и негативни чувства и ме враќаат на неубавите спомени, па за мој мир не ги чувам.

    Јас сум секогаш благодарна на бившите, мои или на партнерот, да не биле тие немаше сега да сме тука. Сме научиле од нив како треба, а како не треба.
    Си размислувам и многу неубаво би се осетила ако ги видам фрлени работите кои сум ги подарила, како да не сум имала никаква улога во нивниот живот.
     
    На Billy Idol, Ketchup, sunshinebabe и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.440
    Ситници чував една две, поклон се сеќавам , џемпер подарен, приврзок, порака некоја интересна, ама со тек на време се изгубија или фрлија. Чак ни слики немам, ништо не ми значат. Ми значеле тогаш.
     
    На NovusOrdoSeclorum и LiliBoz им се допаѓа ова.