Не успеав да најдам ваква тема па ако веке ја има можете слободно да ја заклучите. Ако некој знае да ми каже за стари лица што бараат луге за да ги догледаат за наследство (стан кука) нека ме извести. Ви благодарам
чување стари лица за наследство ова е многу тешко да најдеш... познавам една личност која чуваше така една старица... зошто старава имаше фамилија нејзина но беше скарана со нив и не сакаше ништо да им остави а имаше прилично наследство...и така се судски средија да и припадне се на жената што ја чуваше а ништо на наследниците...зошто ако не се среди тоа тие може да се бунат и ништо од работата... и така женава што ја чуваше си зеде прилично (2 куќи+ пари итн..) после смртта на старата... и после на сите им кажуваше како дошла до париве ,за да се оправда на некој начин (не знам што и требаше тоа)... се надевам дека ќе најдеш некоја иако многу си млада според год на профилов и не знам стариве некако немаат доверба во млади... обично избираат некои повозрасни жени...но обиди се...
чување стари лица за наследство Не знам, да си и роднина пр. ќерка можете да склучите договор за доживотна издршка ама ќе мора да ја чуваш со сите салтанати што се вика, а ако не си и ништо искрено мислам дека ќе губиш време. На крај шансите да се разочараш се големи. Сепак, ти си знаеш.
фала ти многу што се потруди да ми помогнеш.сепак тоа не е за мене имам постара комшивка во зградава па се распрашува жената па си реков ако можам некако да и помогнам. фала ти многу во секој случај
Не можам да ја разберам суштината во тоа да го препишам моето наследство на личност која не ја познавам, на која не и ги познавам намерите и која не знам дали го заслужила истото. Сиот мој долгогодишен труд да западне во туѓи раце туку-така.... Една ми е гледната точка кон роднини, сосем друга кон некој непознат и личност со која немам допирна точка. Можеби само во мал број на ситуации, кога станува збор за сигурност и долга доверба во личноста би го направила тоа.
Сефора, а што ако нема на кого да го остави наследството? Нема ни деца ни внуци ни ништо, или пак ја напуштиле старата особа сите и го свртеле грбот? Ова е добра опција, кажете ако има и јас ќе идам да чувам, ако е добро наследството мислам
Па мислам дека секогаш постои барем една личност на која можат да се подарат. Сосед, далечен роднина, некој со кој си во добри односи. Доколку немам таков, радо би да ги препишам ако е возможно за нешто хуманитарно, отколку на некој кој ме чувал за да ми ги грабне парите.
Епа тогаш нема поента да ја чува некој таа особа. Нека си оди во старечки дом. вака мислам дека е баш фер бизнис, чуваш старо лице, се грижиш за неговите потреби, на крај ти го остава наследството. Друго решение е да си иде во гедијатрија старечки дом, или месечно да си плаќа болничар or something
Да, да секако, кога твои родители може да те зафркнат, за ваква ситуација па да не правиме муабет колку е несигурна за нашиве простори. На запад ова е сосем очекувана појава, ги пуштаат децата сами да се снаоѓаат уште у средно и доколку немаат некој значаен семеен бизнис кога ќе остарат или се ќе продадат и ќе одат во некој скап дом за нега на стари лица или пак доколку имаат слугинка ќе и остават се неа. Оставање на наследство на деца е мн ретка појава, младите не ни очекуваат такво нешто како што родителите не очекуваат нега од децата. Затоа можеби сите со сите имаат пристојна комуникација, а кавгите меѓу браќа и сестри не се толку честа појава како кај нас... едноставно нема за што да се караат.
me interesira dali ako imam dogovor za izdrska na staroto lice po negovata smrt avtomatski imotot negov e moj ili ke se podeli na site najblisli ?
Мои мноогу блиски роднини ја земаа на чување тетката на сопругата. И ги земаа парите имотот се. Ја чуваат сега дома. На почетокот беше се ок, сега им е здосадена веќе, се нешто им смета и ни денар не и даваат на жената.. И ги трошат парите. Жал ми е за нејзе, во дом ќе и беше подобро
Zdr Femina jas sum samohrana majka so 3 deca ii nemam svoj dom ako slusnete deka nekoj saka da gi docuva slobodno javete mi na br 077555359 spremna sum ga gi - ja dogledam pozd