1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чувства,емоции....на денот од вашата свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Snow-Queen, 10 ноември 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Невести, какви чувства освен радост, среќа и љубов, чувствувавте дента? Дали во некој момент ви допреа други емоции? Како се чувствувавте кога го видовте прв пат сопругот кога влагаат во соба по вас, кога ве изнесуваат од дома-имаше ли некоја солза? Кога го рековте судбоносното ДА, свеченото влагање во ресторан, валцерот.....?
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    И мене ме интересира а никоја не се изјаснила :( Не за друго,да знам што ме очекува :lol:
    Јас знам дека ќе бидам тажна и се надевам дека брзо ќе си дојдам при себе и нормално да заборавам и да се расположам :)
     
  3. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Свадбата е ден кој е само Ваш.
    Кога станав сабајлето бев ептен збунета. Ама фризерката ме опушти максимално, си пиевме кафе...се изрелаксирав. И шминкерката исто. Кога веќе стигнав дома бев тотално рилекс :wasntme: се облеков и си реков, денеска е мој ден.
    Кога дојдоа по мене и кога си го видов моето мажуле преку прозор...пеперутки ми појдоа низ стомак :inlove:
    од кога дојдоа многу луѓе, едноставно не се замарав за ништо. Цело време бев насмеана и среќна.
    Единствено што така ми е во магла што се вика народски е кога ме изведуваа од дома. Јас еве не сум ја слушнала цреша се од корен корнеше кога ја свиреле, и кога се гледам на цд-то каква сум оклештена од 6-ка до 6-ка ми иде да паднам од смеа. :D
    Во главно, целиот ден ми беше прекрасен, меѓутоа забавата која беше во ресторанот, е тоа беше она најубавото.
    Совет од мене: бидете опуштени, насмеани, не се секирајте дали нешто правите како што треба, бидејќи околу вас ќе бидат луѓето кои најмногу ги сакате. Направете тој ден да биде како што вие сакате. И верувајте цел живот ќе го памтите... :inlove:
     
    На SexyGirl2, Umbrella22, Cacuvche и 7 други им се допаѓа ова.
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Јас воопшто не спиев пред свадбата.Се напив и апче ама ништо едвај саат два дремнав.Станав во 5 и бев тажна.Се изнаплакав убаво ;( најпрво што тато не беше со нас на тој ден,ми беше претешко.Потоа разгледував наоколу во куќата ко божем последен пат ја гледам |( Мајка ми стана,и на прави муабет со мене.И таа беше тажна,ама рече дека ако плачам ,ќе се растажи уште повеќе,и место убава веселба ќе си направиме само главоболки.Нејзините зборови баш знаеја да ме потсмират,отсекогаш,се гушнавме си поплакавме и таа колку и да ги криеше солзите неможеше ;( Потоа рече да се измијам и веќе да не види солза,туку да се спремам да одам да бидам најубава невеста :) .Така заминав на фризер и шминкање,каде се задржав бааги и потоа ептен на трчање зедов да го облекувам фустанот.Имаше многутензии зошто сестра ми заборави како се шнура отпозади,а и покажаа во салонот :envy: ,па сите се собраа и пробуваа како да го нашнурат :tmi: Јас викав по сите ,во ој момент мислев дека ќе пукнам од нервоза. :envy: ....
    И така кога го видов него,се се смени :inlove: Се расположив,ми се измешаа многу чувства кои неможам да ви ги опишам :inlove: Знам само дека имав пеперутки во стомак :lol:
    Потоа веќе се беше опуштено и весело,се се заборави ....
     
    На Umbrella22, Veki4kaa, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    Јас само би ги прашала еве тазе невестите а ги има многу дали сте биле сентиментални пред свадба. Ете мене кога ќе ми текне за свадбата и кога си го замислувам тој чин секогаш ми се плаче. Ете денес си ја чистев собата и се истурив од плачење.. Ете ми падна тешко.... Свадбата се ближи но и уште е далеку за да ме обзимаат такви чуства. Дали е до мене или ....? Во принцип сум каратерно јака особа и неможам да сде замислам ниту пак што ми се случува? Ајде некој совет за болесно пребродување на периодов
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Кој има време за сентименталности, може и ќе ги доживее...

    Во огромни гужви бев пред свадбата, така што немав време за ништо друго... главата ми чадеше, цело време се секирав дали нешто сме заборавиле да направиме...

    Со оглед на фактот дека вечерта пред свадбата до 5 сабајле снимавме музика за да покриеме време во текот вечерата и валцерот (ај да се осмелам да го наречам така :D ), си легнав и кома до следниот ден до 12.

    Во текот на денот, се што почувствував до почетокот беше паника... дали ќе е фино, дали ќе им се допаѓа на гостите... А кога „фиестата“ почна, се чувствував среќна... можеби не толку дека е свадбата моја (оти одма поминува, и тек после се свестуваш што се случило), туку моментот „центар на внимание“ комплетно ме обзеде... ама ок, јас сум човек само за на сцена... така што целото внимание ми беше од огромно задоволство! (безобразие)... :rofl:
     
  7. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    на денот на свадбата станав рано рано и полека почна да ме фаќа паника.сестра ми замина на фризер сите нешто си се спремаат невестава сама :lol:
    почна да ме обзема паника како ќе биде? каква ќе бидам јас? како ќе ми ја направат фризурата?како шминката? паниката премина во блага хистерија пред мајка ми да ми даде дијазепам :) и од тука се се смени :lol: си реков ова е мој ден ! се ќе биде прекрасно
    ме однесоа на фризер ме средија таму ме исфенираа (не правев пунџи и фризури од типот макарона) ми го ставија украсот во коса и дојде и шминкерот таму ме нашминка преубаво пренежно и кога се видов :inlove: си се бендисав. почнаа да се јавуваат кај си со си со се забави толку.заминав дома и веднаш се облеков во венчаницата. дојдоа првите гости а јас чекав да дојдат сватовите и мм ми.
    најубавиот момент беше кога влезе мм во собата и ме виде првпат во венчаницата ( дотогаш ме немаше видено ниту пак знаеше како изгледа венчаницата) и ми рече неможев ни да замислам поинаку , преубава си :inlove:
    оттука натаму стандарт шема матично црква па ресторан :)
    бевме највеселите младенци , не седнавме воопшто, цело време игравме и пеевме, музиката беше прекрасна, се беше и помина поубаво од колку што мислевме
    задоволните лица на нашите гости и нивните коменари( за највеселата и најубавата невеста) беше наша најголема оцена :inlove:
    моја препорака за сите идни невести е
    бидете највесели невести, рекласирани затоа што тоа е ваш ден :*
     
    На Veki4kaa и Abeja им се допаѓа ова.
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Како бе девојки тажни ќе сте биле? Па не одите преку земја, туку во друга населба или град (со исклучоци). Пак вие тука ќе си бидете со вашите, пак ќе се гледате... Тетка ми кога се мажеше братучедка ми се утепа од плачење и сега вика, што сум била смотана што сум плачела, ете ја нареден ден од сабајле пак се нацрта невестата дома кај мама. :D
    Јас којзнае дали ќе правам свадба, ама сигурно ќе бидам најсреќна и како што едвај чекам да си одам и сами да живееме со дечко ми, тешко дека ќе плачам.
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^потпис
    па ако плачам, што тогаш се мажам, за што да плачам.
    не резбирам, прво некоја девојка плаче и се треска оти дечково сеуште не ја побарал за жена, а потоа плаче оти си оди :lol:
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Хммм... Се молев само да не се породам. Свадбата ја закажавме многу доцна и ме фати крај на 7ми месец бремена.
    Но утрото кога станав, само се сеќавам дека ме гушна татко ми силно и воздивна, му беше тешко што официјално го напуштам. А јас некако не се осеќав ко него.Eдинствено се секирав каква ќе ми биде фризурата.
    Јас сосем смирена си заминав кај фризерката (патем и она беше бремена, во поодмината бременост) па заедно појадувавме, се смеевме. Брзо ме среди како што сакав јас, исто и шминкерката. Со мама бевме заедно, се слушавме со мм постојано. Дома веќе сите беа испаничени, а јас искулирана до бескрај, ги смирував сите да не паничат. Музика ечеше, јас си играв.
    Дојде мм со друга музика, е кога го видов колку е весел, срце ми се растрепери.
    Се чудам само од каде толку голема енергија, со толку голем стомак, играв цела вечер. Навистина Господ дава сила тој ден :)
    Битно дека цела свадба си останав смирена и постојано се консултиравме со маже дали сите работи течат под конец.
    Единствениот емоционален момент беше кога стоевме на влезот во градот и ги чекавме останатите да престигнат за да одиме заедно во црква, ми се насолзија очите од среќа.

    Сума сумарум, можеби фактот што пред свадбата живеевме заедно, не ја сфатив свадбата како одделување од домот, туку сосем нешто нормално. Нема потреба од солзи, мрсулчиња, лигавења. Big girls don't cry :lol:
     
    На Veki4kaa, babybelle, Nine25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Добро сега,пак силни емоции се,се плаче и од среќа :) Јас маж ми кога му кажав да,го видов како плаче од среќа :)
    Мојата свадба ќе беше многу поинаква да беше и татко ми на неа.Јас најпрво плачев за тоа,ми беше тешко на душата.Плачев што мајка ми ќе остане сама,плачев кога не заигра со него на првиот танц,кога заедно не поведоа оро итн....Ми беше тешко и иако ми беше убава и весела свадбата,си играв и се тоа,мама играше исто,беше весела,јас кога и да ја погледнев ми беше тешко ептен ;( :worried:
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.804
    Допаѓања:
    65.521
    Пол:
    Женски
    Ајде, стигнав и до оваа тема. :)
    Денот почна некако нервозно, не одеа работите по планот, ама решив барем тогаш нема да си дозволам да се нервирам и да ги нервирам сите околу мене со викање. Немав воопшто трема, се додека не пристигнаа сватовите. Јас во собата, ѕиркам низ прозорот, го гледам мојот иден маж, стокмен целиот на чело на орото, се смешка и морам да признаам дека очите ми се насолзија. И веќе кога требаше да влезе во собата јас почнав ептен да се стресувам, другарките почнаа да ми се смеат, ми викаат де бре, ко божем прв пат го гледаш. :lol: И баш така ми беше. Ама веќе кога влезе, ме погледна со една оцерена насмевка толку беше од мојата трема. после тоа ме обзеде една возбуда и едвај чекав да почнеме.

    Церемонијата во црква ми беше најубава, толку ми беше се некако свечено, толку прекрасно... Он до мене, фатени за рака, се погледнуваме... Не се опишуваат емоциите, тоа само треба да се доживее. :)

    И во хотелот веќе толку ми беше убаво на душата што не седнав на ниедно оро, насмевката од лице за ниеден момент не ми се симна. Дури ни јас не верував дека денот толку ќе ми биде весел, мислев дека со сила ќе треба да се смеам на сите, ама се изненадив и самата себе. Ми викаа седни бре дете, ќе се умориш. Како да се уморам кога му кажав да на човекот на мојот живот? На мојата љубов? :inlove:

    Ете, го тупам малку, ама импресиите никако да ми стивнат, на сите ви посакувам да го доживеете тоа, тие емоции и чувства кои верувам дека никогаш нема да ги заборавите, исто како и јас.
     
    На vaga95, babybelle, Beauchamp и 32 други им се допаѓа ова.
  13. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Воопшто не бев нешто потресена :) Сабајлето отидов на фризер дури и без идеја што ќе правам со косата, онака релакс (и ТОП ми ја направија фризурата). После си дојдов дома, си се лакирав, си пиев кафе со моите... некако сега кога ќе се сетам премногу сум била релаксирана - може затоа што матичното ни помина неколку дена порано, па тогаш бев утрната целата (дури и на снимката се гледа дека сум искривена цела од возбуда) :D
     
  14. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Јас за денот на мојата свадба немав ни малку трема. Повеќе имам кога чекам гости да ми дојадт на кафе :) Се изненадив од себе, воопшто не се чуствував како невеста. Немав трема ни музиката кога ја слушнав..сега кога ја гледав снимката би рекла дека можеби во матично сум малку збунета иако не се чуствував така. Инаку на сите свадби што сум била кај блиски...на сите имам плачено и се имам потресувано..а на мојата ништо :)
     
    На Palchica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Maлку позитивна трема,пеперутки и паника дали се е спремно пред да дојдат.Се изнавикав по сите,ова нема,она нема,а уствари кога дојдоа се да ти било спремно :D
    Бев многу весела,ете одсабајле почнаа со коментарите дека била највесела свадба 8) А и стварно беше.Бев сосем релаксирана,се исклучив од се,единствено се изнаиграв и гледав со секој гостин да се изнаиграм и да му посветам малку внимание.Единствено се замислив пред матично,зошто уште не бев решена за презимето,ама кога ме прашаа само од себе си дојде :lol:
    Сега само ќе додадам дека би сакала пак да се повтори тој прекрасен ден,ама бидејќи не може затоа е е ден и единствен :)
     
    На ☆Sparkle☆, Moira, Veki4kaa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Мене уште од сега ми доаѓаат солзи на очи, а што не поминав не заплакав, ама за убави моменти плачам ко кишна година... Кога дојдоа за веридбата да ме бараат, одвај, ама за влакно не заплакав, а за свадбата, мислам рамно 10 години, точно на годишнината, толку чекан момент... А башка и Велигден, од Господ благословен, баш ќе го прочитам ова што сум го пишала сега пред да ги напишам импресиите од свадбата, и да видам дали сум плачка стварно! :D
     
    На babybelle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    Кога сега ке ми текне колку бев против за свадба ми е чудно,тоа е едно толку убаво дозивување,само што претходно има многу трчканици ,натака -навака,меѓутоа вреди да се дозивее!!!мене повеке трема ме фаќаше претходниот ден и од сабајлето,мегјутоа кога почнуваат да доаѓаат гостите се опушташ и ти летаат мислите за конкретни работи,се додека не ја слушнав музиката како доаѓа накај мојот двор,од петици се наежив па се до глава,ми светнаа очите осетив ,но не заплакав... :) И само чекав да дојде моментот кога ке заврши делот кај мене дома ,мислев како да поминала пола од обврските за свадбата,и така бесе ,се друго беше опуштено,интересно и убаво како во бајка беше се ,се осеќав баш како принцеза и по инсистирање на музичарите и ми ја свиреа таа песна за танго,бесе многу весело.Но најинтересно е кога ги гледаш сликите после свадбата и кога ги гледаш цедињата,е тогаш цела се ежам,преубаво чувство,неверував дека ке ни биде толку убаво на нашата свадба,а ке повторам не сакав да правам свадба ,сакав нешто мало,СВАДБАТА СЕ ПАМЕТИ ЦЕЛ ЖИВОТ,НЕВЕРОЈАТНО НЕШТО.......Но да напоменам дека највпечатлив е делот во црква,и за мене и за м-ми,затоа што знаеш дека пред бога даваш збор,ти ги осветуваат бурмите (да напоменам дека не сме ги извадиле и не планираме да ги вадиме)те венчаат,те врзуваат,сите тие чинови што се одвиваат во црквата некако не оставија без зборови и не воодушевија ,а плус тоа и не венчаше и тетин на м-ми,со еден збор многу убаво.......... :) :) :inlove: :inlove:
     
    На elena.mak и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  18. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Уфффффф, ме изнаежи.... :hug:
     
  19. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    И на твоја глава побрзо ајде,и ти ке ни казуваш како било на твојата свадба,поздрав :hai:
     
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    И на твоја глава побрзо ајде,и ти ке ни казуваш како било на твојата свадба,поздрав :hai:[/quote]
    Јас одма со време си кажувам дека ќе се здробам од плачење... Ако не е така, чудо ќе биде! :D