јас бев една од најискулираните невести на сите времиња не се замарав ама баш за ништо поврзано со организацијата единствено ми беше страв да не настане некоја сцена помеѓу мм и родителите бидејќи како што имам спомнато во други теми не се сакаат многу. тоа ми беше грижата цел ден плус мајка ми која мислам се обиде до последен ден да ме предомисли и на некој начин да спречи да се омажам. цел ден помина во ред смирено со другарките околу мене, кога се облеков и се приближи времето за нивно доаѓање ме фати некој возбуда едвај дишев кога дојдоа беше прекрасно бевме како тинејџерки гледавме од прозор и се кикотевме. кога мм влегоа во собата се фрли веднаш да ме бакнува и да ме гушка едвај не разделија па почнаа малкуте адети кои што ги предвидовме. тогаш ми се симна цел товар од душа ми беше прекрасно, венчавањето беше прекрасно, забавно и релаксирано ептен приватно. во црква не се венчавме. забавата вечерта помина супер ние си поминавме супер не беше секојдневна свадба, нормално моите се однесуваа како да се на погреб не на свадба ама се решив да не им обрнам внимание и се забавував одлично. не сум некој романтичар ама ми се стреси душичкава кога татко ми ме даде на мм тие погледи и бакнежи се незаборавни...
Ај тема од нафталин, ама посакав да споделам. На денот на свадбата беше се' со трчање. Немав многу време да размислувам, се додека не отидовме во хотелот и седевме во соба, додека да дојдат гостите. Кога ме фати една нервоза, една паника, како ќе се појавиме дури сите гледаат во нас?!! Толку бев возбудена, што ме стегна пр*лив, на 15минути пред да треба да влеземе во салата Супругот, мораше да ми го држи фустанот додека бев на вц-шоља. Тоа беше највозбудливиот дел
leleeee kolku se smeam da znaes abe skroz mislam deka ista ke bidam...od trema i mene me faka proliv uh boze, denot mi go razubave so postov me nasmea od dusa haha pozdrav do tebe
Убаво чувство имав. Не бев возбудена. Можеби имаше улога тоа што не правевме класична свадба, па бевме растеретени во однос на тоа.
Кога дојдоа да ме земат кога ме изнесе братучед ми почнав да ронам солзи како мало бебе. После во сала бев највесела и малку пијана.
Многу бев исплашена дали ќе биде се во најдобар ред. Морам да признаам дека и нервозна и под стрес бев но за среќа се помина во најдобар ред ,само што јас цел ден ниту јадев ниту вода се напив едвај чекав се да заврши на крајот веќе напорно стана.