Здраво. Се извинувам што отворам нова тема, но не можев да најдам тема слична на оваа. Непланирано останав бремена и тоа ми ја влоши веќе лошата депресија. Никогаш не сум била толку поделена при носење на одлука. Знам дека најправилното нешто што можам да го направам во ситуацијата е абортус, но познавајќи се себеси имам тешка "совест" и ми е страв од чувството што ќе го имам после абортусот. Во идеален свет би чувствувала олеснување бидејќи моменталната ситуација не ми дозволува да имам дете. Какви ви беа чувствата после абортус? Дали да се плашам од поголема депресија? Дали некоја од вас е отворена за разговор во приватни пораки? Ве молам за некаква помош... На прагот сум..
Братучетка ми по некои немили настани разви анксиозност, депресија, пстојано имаше некои црни мисли. Во меѓувреме остана непланирано бремена и размислуваше како тебе. За среќа, одлучи да роди и како одминуваше бременоста, така стануваше сé подобра. По пороѓајот си е старата таа весела личност, без трага од претходната состојба. Размисли си убаво, она сега се ужаснува од помислата што ја имаше кога ја гледа ќерка си и силно верува дека немаше лесно да излезе од депресивната состојба да не и се случеше бременоста.
Побарај помош од стручно лице да ти даде насоки да ја донесеш најправилната одлука. Никој не ти е во кожа, ниту може да ти помогне и да те насочи. Реално ако најправилната одлука е абортус, можеш и да го направиш, но не знаеш како ќе ти биде после тоа, ама и да го родиш, може да се влоши состојбата што веќе ја имаш, а тогаш е уште полошо, и потешко, бидејќи ќе имаш мало невино суштество кое ќе зависи од тебе. Не ти ја знаеме целокупната ситуација, ниту пак сме меродавни да ти кажеме што е најдобро да направиш, ама за тоа постојат стручни лица. Оди кај психијатарот што те следи, и разговарајте. Можеби ќе ти помогне да одлучиш.
Никој не може да предвиди како некоја одлука ќе ти се манифестира во иднина. Посети стручно лице, како што ти рече и @Annath Со среќа
Унапред не може баш да се предвиди како ќе реагираш ти по таа одлука, важно е во вакви моменти да не си сама значи сподели го тоа што го имаш во себе макар со стручно лице, ако не можеш со најблиските од фамилијата.Сигурна сум дека со стручна помош ќе донесиш правилна одлука, бидејќи само ти ги знаеш условите во кои живееш и причината поради која си решена на абортус. Прочитав во друга тема дека си 12та недела, можеби дозна подоцна или поради нерешителноста неделите си поминале, јас само би те советувала ако се решиш за абортус тоа да го направиш во добра клиника за понатаму да бидеш рајат без некои последици.Што и да решиш биди силна не си единствена жена, ова е право на избор на секоја жена, не е трагедија може да ни се случи на секоја и немој да го сфаќаш тоа толку трагично. Само ти си битна и треба ти да си здрава на секаков можен начин.Нема причина да си на работ ова е одлука со која скоро секоја жена се соочува без разлика дали веќе има родено или станува збор за непланирана бременост. Разговарај со стручно лице а еве има и една организација https://www.facebook.com/LidijaSrceStoCuka немам искуство но спремни се да помогнат на жени токму кај непланирана бременост. Закажи бесплатно советување на: 070 231 807 070 231 797 Овој е бројот што го имаат оставено
Штом си поделена за одлука, тогаш како што ти кажаа погоре, посети стручно лице. Многу е лесно да се каже, ако не можеш абортирај или не немој никако. Но со соодветен разговор ќе ја донесеш правата одлука.
Мислам дека многу полошо ќе ти биде ако абортираш отколку ако го родиш, без разлика на ситуацијата... ако сакаш посети стручно лице, ама веќе изгледа си одлучила...
Не е само роди го. Ако нема услови да го чува тоа дете, психички уште повеќе ќе се уништи. Ќе има еден куп трошоци за бебето. Тоа може уште повеќе да и ја влоши депресијата. За да го роди треба да има финансиска стабилност. А не кога ќе го роди детето да го мрази затоа што уште повеќе и се комплицирал животот поради тоа што останала бремена без да сака.
Душо премнг мислења можат да те збунат, никој не е во твоја кожа и никој не си ти.. прашај си стручно лице и знај дека имаш трета опција, да го родиш и дадеш на посвојување
Искрено подобро да го абортира, отколку во дом да заврши детето. Ни најмалку не им е лесен и среќен животот на тие дечиња. Така сигурно многу потешко ќе и биде да се раздели од детето. Ако го даде, нема назад. А ако знае дека е живо, а не може да си го види ќе и биде многу потешко. Ќе се кае цел живот. Најдобро со стручно лице да си разговара.
Најнајискрено полека со коментарите подобро е ова или она, и тоа со толку силен став кажано. Роднина моја си има посвоено две близначиња и мојата нај. другарка е посвоена... прекрасни луѓе!!!! значи полека удри кочница, животот не е црно бел јас само кажав опција и совет да се консултира со стручно лице
А додека тоа дете е посвоено? Ако воопшто е. Членката не делува како да не сака да има деца, туку не е спремна за тој потег сега. За некоја година ќе посака да го има покрај себе, и ќе се обвинува. Многу голема психичка тортура би било тоа, посебно за некој склон кон депресија. А и самиот пораѓај може да доведе до постпородилна депресија.
Дали имаш поддршка од партнерот за било кој исход? И која недела си бремена? Јас би ти рекла да се ослободиш од секаква вина што ти се наметнува. Ако не се осеќаш сега спремна за дете воопшто да не се секираш. Кога ќе бидеш спремна ќе си работиш на случајот. Сега е време да се посветиш на себе и ситуацијата со депресијата, причините и решенијата. За психотерапевт ако имаш можности би ти ја препорачала Ивана Хаџиванова (076 496 496).
Вие не можете ништо да предвидите! Никој од нас не може , препрочитај ми го мислењето. Олабавете со претпоставки и мислења имајте малку емпатија и воздржливост!
Јас само ќе ти го споделам моето искуство, ти седи, собирај информации и сама донеси одлука. И јас останав непланирано бремена, во мнооогу погрешно време кога финансиски едвај стасувало и за нас. Партнерот свежо преселен кај мене, во друга држава, без работа, а јас со тешка работа која не бев сигурна колку долго би можела да ја работам во блажена состојба. Освен тоа, во врска бевме многу кратко, сепак олеснителна околност беше што имаше голема љубов и заеднички планови за во иднина, ама не баш сега за дете. Истото прашање го гуглав на интернет, што чувствуваш после абортус? Познавам и жени кои абортирале, но ниедна од нив не бев јас. Јас, познавајќи се себеси, ќе се пореметев психички ако абортирав. Но во тој шок, и двајцата одлучивме за абортус. Се јавив, реков да закажам ВЕДНАШ. Ми рекоа немаме сега термини, мораш да почекаш една недела. Уште една недела КОШМАР. Како побогу ќе живеам со себе? Цела недела бев жив мртовец. Во меѓувреме мојов се приземји од шокот и ми рече дека одлуката е само моја, можеби е прерано, но евентуално ќе се случело - негови зборови. Седнав и ги напишав сите позитивни и негативни страни за да имаме дете. Негативните преовладуваа, имавме милион причини за абортус, но позитивните, иако само неколку, имаа многу повеќе тежина. И на психолог отидов, и психологот, иако се обидуваше да биде неутрален, увиде дека абортус е сепак подобра опција. Дојде денот за абортус. Отидовме. Докторката ми рече да седнам на столот, а јас само побарав да ми презакаже термин за ултразвук. Малиот сега за некој месец ќе полни една година и е најубавото нешто што ни се случило во животот. Уште во бременоста ни се случија куп немили настани, смртен случај, невработеност, финансиска криза, а со тоа и кавги... Сѐ се подобри откако се роди детето. Едноставно ни даде сила да се бориме за сѐ. Знаеш што е најинтересно? И покрај сѐ, детето имаше и има повеќе од доволно. Сега полека испливуваме од финансиската криза и работите си доаѓаат на свое место. Не знам која недела си бремена, мој совет е да седнеш и убаво да размислиш за сѐ, дај си време ако имаш. И не заборавај, одлуката е само твоја.
Бременоста и детето е благослов. Еве и јас ќе го споделам моето искуство, а одлуката што ти ќе ја донесеш на крај е само твоја и ти ќе живееш со нејзе до крајот на твојот живот. Нешто слично како на @PurpleMind е и моето искуство. Со сопругот многу кратко бевме заедно, само една година одевме имавме план на втората година од нашата врска да стапиме во брак и да имаме дете, ама тој план се случи порано. Кога дознав дека сум бремена бев во толку голем шок и хаос, плачев цело време, не знаев што со себе, од партнерот немав никаков притисок, ми рече дека одлуката е само моја и што и да одлучам он ќе биде до мене. Мислев и премислував, мерев на кантар што е добро а што лошо, секако лошото беше повеќе, ама на крај донесов одлука дека ќе го родам бебето, па како даде Господ натаму така ќе биде реков. Бременоста мина добро, почна пандемијата и сопругот остана без работа, а дома мораше да средуваме и реновираме, се преселивме привремено кај мајка ми додека се среди тоа, едвај некако го средивме спратот, дојде бебе он сеуште беше без работа, а јас со минимални примања, крај со крај врзувавме ама ниеднаш не се покајав за одлуката што ја донесов. Сега за два месеца ќе полни една година, и не ми се верува колку брзо помина времето, што се пребродевме ама за добро било. И мајчинството не е воопшто лесно, ама е најубавото нешто.
Zdravo, izvinete sto poshivam na latinica. Sakav da prasham za iskustva kako se cuvstvuva zena posle abortus, dali e depresivna, kakvi emocii se ragjaat? Jas sum Bremena 4ta nedela i sakam da abortiram. Citam na net deka nosi mn loshi cuvstva.