Не сум сретнала досега ваква тема на форумов, се извинувам ако веќе постои а не сум ја забележала. Ова е нешто слично на темата „Среќа е...“, а разликата во поентата мислам дека е доволно јасна. Инаку не ја отварам туку така темава, ме инспирираше една случка пред малку..... Чувството кога се спремаш за спиење, облекуваш пижами и од твоите пижами за секунда излегува голема црна бубачка и се пика под твојот плакар. Се тоа се случи во дел од секунда, ама ај заспиј да те видам, како што сум гадлива од бубачки.
Еднаш и ја да ја имам таа чест да го напишам првото мислење под творецот на темата. - Чувството кога ти не си ни почнала да се спремаш а сфаќаш дека треба да бидеш излезена од дома.. - Чувството кога ќе си начекаш убав фустан и ќе си го купиш. - Чувството кога во 2 саатот навечер ќе ви се пријаде. Доста е од мене, нека остане нешто и за другите.
-Чувството кога ќе седнеш да јадеш и наоѓаш влакно во храната. -Чувството кога ја слушаш омилената песна. -Чувството кога Панчев и Калински коментираат фудбалска утакмица.
Чувството кога ќе купиш нова книга Чувството кога газиш по тазе навеан снег Чувството кога излегуваш од фризер со нова фризура Чувството кога во зима ќе се стуткаш под кебе со шоља чај во рацете
Чувството кога ќе начекаш попуст во омилената продавница. Чувството кога ќе се разбудиш во 2 ипол попладне. Чувството кога ќе утепаш комарец.
Чувството кога после долго време повторно си во неговите прегратки Чувството кога ти доаѓа да го убиеш ама не можиш.. го сакаш
...се маваш со перници. ...не можеш да заспиеш цела ноќ бидејќи нешто многу сакаш(книга, филм, спорт, момче ). ...јадеш свежо украдени зелени сливи. ...со другарките се смееш како ненормална по улици. ...неколку сончеви зраци ќе успеат барем за момент да ги надминат облаците(ова кога е есен). ...ќе почнеш да јадеш замрзнато овошје и ќе сфатиш дека мириса на месо бидејќи во замрзнувачот било стуткано до месото.
чуството кога ја гледаш темата ''Фемина Инстаграм'' на празен стомак чуството кога ќе ти ја погодат песната на радио ( сега во моментов )
Чувството кога му чеституваш на симпатијата роденден на фб и од 93 честитки само тебе и на роднините им вратил и на никој друг.
Ме потсети на слична случка. Мислам дека бев на факултет тогаш и спремав испит па учев до многу касно, можеби ме фатило 3 наутро. Среќа бев во пошироки тренерки. Завршив со учење и ајде ќе одам на горниот спрат да си легнам кај мене во соба (долу учев дека ми беше поладно, лето беше и многу топло). Без да запалам светло во ходникот и без да размислам, почнав да одам низ ходник со намера да запалам светло кај влезната врата. Кога нешто ладно осетив почна да ми лази по нога, па во таа темница почнав да скокам, изгубив воздух се блокирав цела, почнав да ги соблекувам тренерките и да приумирам скокајќи во темницата. Не знам како успеав да запалам светло така по гаќи и видов огромна бубашваба на тренерките, сум ја бутнала при соблекување, а таа експресно избега, нормално не се осудив да ја бркам, не дека ми е страв туку ми е многу језиво и гадно, постапката на нејзино убивање ми е одвратна особено кога ќе ја расшлакам па ќе излезе бело аууу И сеуште го имам истото чувство кога ќе видам бубашваба, викам некој друг да ја ликвидира. Тоа ми се најморничави инсекти кои мислам дека се излезени од пеколот. Нешто слични се и стоногалките (чкрапљи ги викаат, па името уште толку ме ужаснува). И тие изгледа се од пеколот Значи чувството кога ќе ги видам овие подолу, не да е страшно и одвратно, ама како од пеколот да е
Чуството кога смислуваш разни изговори да не искочиш со другарките бидејќи те мрзи Чуството кога знаеш дека ќе го видиш наскоро..