Чувството κога тлееш, тлееш, собиρаш, и κога ќе ти се пρелие чашата и пуκаш Подобρо да нема ниκој во близина...
Кога на најблиските ќе им кажеш колку ги сакаш, затоа што не знаеш што не очекува во животот и дали ќе имаме можност да си ги искажеме емоциите. Сабајле ми се јави баба ми, како и секогаш, да ме праша дали сум најадена, дали сум положила, дали сум добра... И кажав дека многу ја сакам, а она ми врати и јас те сакам. Сите си ја чувствуваме љубовта на најблиските, ама кога ќе се искаже и со зборови (освен со дела), е уште поубаво. п.с мојата бабичка е најдобрата и најмилата на светов.
Cuvstvoto ke te iznasmee nekoj probuvajki da zboruva i da se izrazuva literaturno a upotrebuva "SVE" namesto "SE".
Чуството кога го прегрнуваш животот онака од срце....и кога и покрај се наоѓаш позитива и мотивација да продолжиш со сјај во очите и една насмевка...
Чуството кога врне, а ти се наоѓаш себеси трчајќи по дождот со широка насмевка на лицето. Чуството кога првото нешто што го забележуваш, кога ќе се разбудиш наутро се сончевите зраци кои ја осветлуваат целата просторија. Чуството кога го преземаш првиот чекор во остварување на својата цел. Чуството кога ќе ја прочиташ последната страница од својата омилена книга. Чуството кога во зима седиш завиткана во меко ќебе пред огништето со чаша топол чај, и гледаш како паѓаат снегулките.
Чувството кога сите ти кажуваат што е најправилно да направиш, а ти сепак идеш по твое, си го слушаш срцето и на крај ти си таа што испаѓа повредена.
Чувството кога знаеш низ годините колку си созреана и сменета и знаеш дека другите знаат за тоа,ама пак со сила се понашаат и ти поставуват смешни граници и се обидуваат да влијаат на тебе а ти одамна си се одвоила од нив и ,оформила свое мислење дека тоа неможе више така.. претерано..смешно неописливо... #луѓе #во #kлимакс .#Страшно.