Koга ќе отвориш очи и кога ќе се трудат пак да ти ги затворат... зошто цело време го знаеле тоа, но молчеле, гледајќи како ги одиш патиштата на угронини, а решението ти било пред нос. А ти си им верувал дека ти се поддршка... Како беше тоа библијското - по патот ќе сретнеш многу лажни пророци... Мислам дека на ова се мислело... сем навистина на лажните пророци. По патот еден куп лажни пророци и такви кои мислат дека знаат повеќе од тебе. Кога ќе се бориш за да дишеш, некако губиш верба во себе. Мислиш дека ти се случува тоа што ти се случува бидејќи до тогаш си грешел, па можеби другите знаат подобро... Но не... Патот секако ти е исправен, што помалку добронамерници од страна толку поарно... Почнав физички да реагирам на ваквите буквално со нагон за повраќање... ај може ќе ослабам.
Викаш такси и диспечерката не знае каде било Табернакул. Се осеќам ко мене кога ми кажуваат таму кај Беко, а Беко не постои откако знам за себе. Океј, се осеќам старо.
Чувството кога секое влакно на главата е скротено во права и рамна коса, а дождот и влажниот воздух го демнат за да се пресметаат кој е посилен.
Чуството кога не си заинтересирана за ништо, ниту пак врска, ниту пак дечко, и ти се бутаат и си даваат шански како „можеби некогаш“, братче ако сум заинтересирана глупа да не сум да те одбијам, боже свашта.