чувството кога незнаеш зашто си на планетава, кога имаш празнина, кога ти фали мајчина подршка и љубов, кога фамилијата ти е раштркана на сите страни и неможеш на сите да помогнеш...дури ни на самиот себе
Кога се соочуваш со фактот дека во близина имаш нарцисоиден психопат кој систематски те обработувал и возел, кој те навредувал и повредувал и не ти било јасно зошто... И не било прашање на доверба... До толку да некои зборови кои толку ги користи ме иритираат кога ги слушам од другите луѓе ко на пример - рилакс, да ми кликне, оооукеј, пред секоја активност која ја прави употребува си (си правам, си одмарам, си уживам, си пијам, си јадам), смути (да, да смути... тоа смути кое го обожавам веќе ко збор не можам да го слушам), винце не знам веќе уште колку многу зборови кои толку многу празно ги употребува. Е до толку...до толку... Кога тие околу вас ви викаат - ало не е здрава оваа, верувајте им. Ми олесна... ми олесна да знам дека не е до мене... а е во позиција на моќ... ми олесна кога успеав да видам со каков лудак имам работа од другата страна... Болно и тешко ама ми олесна. Да ме чепкаш за родители, дечко и драги луѓе, да ми чепкаш за болест и живот, ма гризам бре, гризам... Обсеарватор сум за околина, ама кога се работи за моите односи сум тешка катастрофа. Синдром на жртва не сакам, ама може да сте жртва и без да знаете, сето тоа да ви биде упакувано и подметнато во лажни добри намери и маски. Луѓе чувајте си го менталното здравје, многу вакви има...
Фин клиент ќе ти одговори на мејл, па уште ќе ја пофали работата на тимот и ќе ти напраи бесплатна реклама. Факинг еј! Наравоучение: Да бидеме фини со рандом странци, не знаеме колку може ситница да ги израдува.
Чуството кога одиш на погребот на дедо ти со своите најблиски и уште многу други роднини од кои некои дури сега прв пат ги запознаваш. Жалиш за починатиот затоа што никогаш повеќе нема да го видиш и така колку и да не сакаш без престан си течат солзите една по др.