Чувството кога го држам во прегратка тоа мало чисто невино сонценце, кое навалило мало слатко главченце со косичка мека како свила и мирно спие на мое раме... Неможе тоа волшебно чувство да се опише
Чувството мислиш дека одма ќе заспиеш бидејќи не си спиена повеќе од 5 саати но сепак сон не те фаќа. Same sh*t different night.
Чувството кога ставаш слушалки во уши, се исклучуваш од се и од сите и се препушташ на музиката и убавите моменти. Неодминлив ритуал во денот...
Кога од љубопитност ќе си најдеш он лајн тарот карти читање и случајно или не работите од минатото и сегашноста се поклопуваат со реалноста. А, иднината поубава. Само ако не потонам во сегашноста и зависи колку блиска/далечна е таа такаречи убава иднина...да знам за да издржам. Налудничаво малку, а?
Кога некој ќе почне да се жали што мразел и го нервирало кај луѓето, а уствари како да се опишува самиот себеси...