Кога со чиста совест легнуваш да спиеш а дождот, што ја разбива тишината, како бонус ја разубавува ноќта.
Чувствoтo кoгa гo гледaш сoпственoтo дете нa нaстaп пa срцетo ти трепери истoвременo и oд тремa и oд рaдoст...
некој ти вели " ветувам" а ти знаеш дека никогаш нема да го оствари ветеното но сепак ти блескаат очите дур се смешкаш изговарајќи " ти верувам" а во себе ја чувствуваш бурата солзи која надоаѓа но никогаш нема да ја ослободиш и ќе те убива тивко некое време кога во самотија ќе си повторуваш " не се ни надевав, знаев дека лаже"...
Чувството кога спремаш изненадување за некого, кога го осмислуваш секој детаљ, чувството на крај кога на личноста ќе ѝ се допадне изненадувањето и ќе ѝ биде многу мило.
Чувството кога пишуваш порака до личноста која премногу ти значи и го бираш секој збор што ќе го напишеш, да биде полн со емоции.
Чувството кога ке потрошиш цела вода и заборавиш да се избричиш пред тоа па мораш повторно да се измиеш после бричење #thuglife #justguyproblems #skimmingtrimming