Кога и после 4 год немање контакт ќе ти рече -ми фалеше... а во истиот момент и едно друго чуство. .. кога не ќе знаеш да објасниш зашто те снемало..
Кога си отрпнал и си станал празна личност од внатре без чувства. Истовремено ладен и празен како глинен гулаб. Кога се будиш збунет без да знаеш која е целта на твоето постоење. Се прашуваш дали вреди веќе да се трудиш. Едноставно креваш раце од се.
Кога си свесна дека нешто си утнала па очекуваш од тоа негативна реакција, но всушност таа те одминува.
Чувството кога дознаваш какви се' г*мна ти јаделе и тајни ти издавале позади грб личности што би требало да ти се блиски пријатели со кои си се дружела од мали нозе, иако тоа не те изненадува премногу и донекаде си се сомневала. Ама ако, доволен е и еден вистински пријател наместо 10 лажни што потајно ти посакуваат се' најлошо. Доникаде нема да стигните со тој расипан карактер.
Чувството кога седиш на плажа на зајдисонце... Чувството кога те гали по косата... Чувството откако убаво ќе се изнаплакаш и ќе ти олесни ... Чувството кога шеташ по дождот... Чувството кога чедото ќе научи да те гушне и бакне... Чувството кога ти поминуваат убави спомени низ мислите... Чувството после добар тренинг. .. Чувството кога си полна со самодоверба ... Чувството кога ќе се заљубиш...
Чувството кога си излезена, ја пребаруваш целата ташна и сфаќаш дека мобилниот си го заборавила дома.
Чувството коа се сопнуваш по скали и се бламираш на место кај шо пак ќе се вратиш.... Све баксузно п.м.