Кога се расправаат за политика и за тоа кој е во право, иако сите сме заглавени во исти г***а. А ти едвај чекаш да престане целото тоа лудило.
Кога ќе станеш после седење подолго време со скрстени нозе и ќе се залеташ напред со ногата што ти била горе и ти се укочила од толку висење во место...
Чувство кога си велиш дека нема да заплачеш, а во истиот тој момент низ твојот образ тргнува првата солза.
Кога ќе ти се истурат милион ситници на некое недостижно место и треба да собираш. Успат си го удараш малиот прст на ногата и пцуеш се околу тебе.
Кога Гринч сакаше да го украде Божиќ, а Санта Клаус го зезна. Не беше така филмот, ама имаше такви догаѓаи. Мислам срцето ми се стопи од тага и не можев да дишам од воздух тежок и полн со умрена надеж, за момент помислив дека пак ќе ми дојдат трите Божиќни духови, но среќа...не.
Чувството кога читаш мислења пишани од неколку феминки, едни велат дека си тапа за хумор а други те туриле во категоријата на најдуховитите...и сеа...ни на небо, ни на земја, дал да се перчиш или да се скриеш
Кога ќе го облечам неговиот најкомотен и дебел џемпер, раце си топлам со термосот со врело кафе, ставам слушалки на уши и денот може да почне
Чувството кога почнува да те греби грлото и знаеш дека до утре ќе те боли и плус носот ќе ти се затне.