Чувството кога си љубопитен што ќе ти се случува наредните денови Ех да имав способност да ѕирнам во поблиската иднина Чувството кога потајно се надеваш на некое чудо Чувството кога се грижиш повеќе за некој друг, отколку за себе си Чувството кога сте со некој толку многу поврзани па и кога другиот не е до вас ги дожувувате и двајцата истите емоции-тага, среќа, возбуда... Чувството кога мислите еден на друг во ист момент
Чувството кога во сите возможно-невозможни ситуации наоѓам светла точка и покрај бројноста на препреките.
Кога си во вистинската дома, без аларми, без некои значајни обврски. Се чувствувам некако сигурно, како порано ... Иако навидум досадно, ми требаше една ваква недела. 'Паразитска'.
Чувството кога немаш никакви нервози за ништо, се ти е рамно, ни очекуваш многу ни малку од животот... И си мислам до кога вака ќе ми трае ова, се додека не ме акне некој проблем па да се чудам после.
Толку ти се спие па знаеш дека штом ставиш глава на перница и затвориш очи, ќе потонеш во сон истата секунда.