Чувството кога со поглед ги топиш последните коцки чоколадо завиткани во фолија, а всушност тврдата состојба преминала во прелив благодарение на временската немилосрдност
Чувството кога започнува летото Чувството кога го полагаш последниот испит на факултет Чувството кога тоа што го очекуваш се исполнува
Чувството кога си превозбуден дека ќе одиш на прошетка некаде а личноста до тебе постојано ти набројува зошто не е убаво што одите.И тебе веќе не ти се оди.Е тоа чувство,чувство на ужас.
Чувството кога професорот ти нуди или/или прашање на испит, а ти немаш поима што те прашува и случајно го погодуваш одговорот
Чувството кога без многу мислење ќе тресниш нешто, и кога го читаш пак сфаќаш колку dirty звучи, но е предоцна веќе е прочитано од другата страна.
Чуството кога: -Немаш со кого да излезеш -Интернетот е преслаб и неможеш да гледаш филм -Темите на фемина ти се изначитани И како за крај сево ова го зачинуваме со тоа дека сите те иритираат.Уеу
Чувството кога се ќе ти дојде преку глава и солзите сами ќе почнат да течат. Кога цел свет мислиш дека ти тежи на гради, не можеш да дишеш. Плачеш,а не знаеш зошто.Чувството кога те фаќа депресија, сакаш да побегнеш ама не можеш. До ПМС-от ќе е изгледа.
чуството кога те боли душата од све што ти се случува а некој кој не знае ни еден момент од твојот живот ти вика абе ајде кога дечиња... што чекате ...еве тебе те чекавме да прашаш