Цел ден нешто правиш и вечерта нозете ти "бијат". Кога Скопје мириса на чајник. Кога мајка ти ќе ти каже - те сакам и ќе ти рече добра сум. Кога ќе сменам постелнина. Кога ме фаќа возбуда за нешто ново. Кога денес сфатив дека и покрај се, одамна сум немала од "тешките" денови кои ме оставаат физички закована во тело кое не слуша. И онаа мала "тага" кога сфаќаш дека тоа е супер, ама и дека факт е дека исхраната ти ја влошувала состојбата. Кога зајдисонцето ти го зема здивот.
Кога ќе помирисаш жетва. Првиот момент кога ќе стигнеш на море. Звукот на галебите. Мирис на окосена трева во рано летно утро. (Да не се објаснувам, чувството на свежо, ново, спокојно) Кога си уморен и кога ќе легнеш на кревет само што ќе стигнеш дома. Задоволството кога ги гледам домашните миленици како се гостат со посебна закуска. И секако, истото тоа само луѓето кои ги сакаш повеќе од себе. Насмевката негова, насмевката на родителите... посебно чувство на среќа е, обогатено со топлина. Мирис на летна квечерина. Гушкање на Белчо на Пантелемон горе. Лето... лето е чувство, не е годишно време.
по грешка на стори се праќа срце кај некој што ти се пуштал Одма бришење на апликација, проклет да ми е тач мобилниов
Чувството кога си се нервирал 2 дена за на крај да дознаеш дека грешка си ги израчунал работите и немало зашо да се нервираш.
..ќе добиеш фидбек дека си најредовен член од групата на онлајн настаните со месеци наназад, кој запазува рокови и активно слуша - од најдобрите со пет, десет и повеќе години искуство во работата. Што сум си среќна, леле!!