Дознаваш какви се всушност луѓето, барем поголемиот дел... Ако... Сепак верувам во искреност и добрина, никогаш нема и да престанам.
Ќе поминеш пријатна вечер со позитивна насмеана харизматична личност полна со живот и елан ,со сјај во очите која ќе ти ги наполни батериите со позитивна енергија за следната седмица..
Ќе си го размоташ филмот,ќе побараш совет од некој што знае да сака,и ќе ти докаже дека само те искористиле за замена и дополнување на време,ми се згади од дното на душата!
Кога ќе замине на службен пат а тебе проклето ти недостасува кога погледнуваш на секој две минути во телефонот дали има порака
Пешачиш долго,си доаѓаш,бањаш,си отвараш Хајникен и ја пушташ омилената серија и нормално за пола саат си кома
Чуството кога надвор е ладно а ти низ прозорецот гледаш во темнината каде што има толку многу светли точки на ридот и знаеш дека не си сам има многу куќички во некое село си седиш во топло внатре и си пиеш топло кафе со цимет
Заспивам пред тв на топло, убава дремка, и додека се преместам на спална се расонувам. Очи филџани Сега ќе везам цела ноќ
...слетуваш доцна во непознат град. Го влечкаш куферчето, градот веќе спие, патуваш до хотелот, неверојатен спокој имаш во себе. Како по обичај, така доцна работи само МекДоналдс, застануваш прво таму, се частиш со нешто што повеќе ти ја храни душата, него телото. Се чекираш во хотелот, се е тивко, самп тркалцата од куферот се слушаат. Се спремаш да си легнеш полна со очекувања на свежиот утрешен ден полн со авантура. Е тоа чувство, на доцен лет во нов возбудлив град.
Ќе си легнеш навечер,низ глава ти поминуваат сите спомени,а ти не осеќаш ништо,само ти е жал за изгубеното време,оти си го дал на погрешна личност. Живот,тоа е!
Кога ќе си ги здогледаш првите брчки, така срамежливи ама сигурни, те ѕиркаат од огледалото само ако навистина му се доближиш, и најавуваат дека со тек на време не ќе мора многу да се трудиш за да ги забележиш. И првите бели влакна кои отпрвин изгледаат како украси, дури интересно - последица на вложениот труд, или изгубеното време, или непреспаните ноќи, а подоцна ти се чинат како закана - зар толку остарев? Кој ли ќе се фарба... дали да се фарбам? Мешани чувства на „созревам“ и „стареам“. На „живеам“ и „умирам“. И свесноста дека знаеш оти едното никогаш не оди без другото.