Кога одново и одново те разочаруваат истите луѓе. Те повредуваат ама ете не гледаат така на тоа,според нив се најубаво ти мислат и сѐ што прават, прават за тебе.
Кога се враќаш гладен од работа и цел пат мислиш што да јадеш и да спремиш брзо и влегуваш дома мириса на нешто убаво зготвено
..кога ќе вкусиш нова салата, та ќе се навлечеш на неа и уживаш (буквално) секој ден во нејзиниот вкус сè додека не ти се одјаде; ..кога нит роси, нит врне претерано, нешто измеѓу, се движиш без чадор, суво лисје под нозе кое час крцка и шушти, пропратено со ширење на мирис од салеп, од рандом кафич во близина; ..кога сфаќаш дека секојдневието е само следно ниво од игра level-и, па мора да поседуваш во континуитет еден солиден ентузијазам и присутност во моментот, НО не претерано да сфаќаш сè што ти се сервира; ..кога црниот хумор малку отповеќе ти станува црн, па постојано се себепрекоруваш наспрема фактот дека ако не е тој, нема да знаеш да цениш доста работи и да, хуморот е една форма на живост. Макар бил и провалија.
Кога сето она што по цел ден ти се врти во глава, навечер те следи и во соништата. Зборам за заминување, цело тело ми вришти да побегне од овој хаос, тоа и го сонувам а кога ќе се разбудам осеќам огромен страв.... Како се искоренува ова чувство на страв?
Која книга ти остави лку убав впечаток, кажи препорака. Јас последна пред два дена ја прочитав библиотекарката од Аушвиц и исто се осеќам вака како тебе , под импресии Чувството кога некој ти обрнал внимание, сака да славите годишнина од брак со вечера во едно фино местенце
Колку е убаво чувството кога си наспан и сега полн со енергија. Пиејќи утринско завршив една предобра книга "По нејзиното заминување" од Алекс Дал која е издание на Бата Прес.Во последно време вадат некои психолошки трилери кои не се оставаат додека не ги прочиташ.
Кога ќе ги ставам ножињата у вода со миризлива сол, па ќе ги стругнам со пилинг, ќе ги намачкам со кокос крема и право во зимско дебело чорапче.слики од стапала у инбокс!
Кога знаеш дека имаш еден куп работа ама не знаеш од каде да почнеш и си отвараш фемина. Скролаш, читаш, листаш, уште стои работата, уште стои прашањето од каде да почнеш ама сепак си се чувствуваш подобро дека сепак не си на Инстаграм туку на Фемина.