Koга ке се вратам дома после втора смена на работа, ке ги кренам нозете на троседот и ке гледам филм.
Сакаш да се разведеш,од ххх,причини и да те снема некаде далеку,па после вечерата сфакаш ,низ каков стрес поминуваш,и ти фали сон и релаксација.
Кога јаваш коњ особено во темно и ќе види нешто коњот што ти не го гледаш и не сака да оди ниту напред, ниту да се врати назад и почне да делува исплашен. И мора да го молиш и тешиш како дете "ајде, ајде нема ништо", а си мислиш "кој знае што има, може мечка некоја, ако не се мрдне готово ќе не изеде".
- Денот после "мир божји" ко ќе стапниш на вага, и бројката е помала од очекуваното. - Мирисот на сол уште пред да влезеш во море. - Пилот ко ќе најави слетување. - Ко ќе се освестиш од анестезија и повраќаш, ама сепак си океј пошто се поминало во најдобар ред. - Кога уште лежиш в кревет а кафето веќе мириса на готово - Кога без да му кажеш ќе го подеси блутут-от в кола да се поврзе со твојот телефон, пошто се знае кој е ди-џеј - Ко ќе се разбудиш и гледаш дека ти фрлил плус едно ќебе пред да оди на работа, за да не ти студи. - Дете што ти спрема изненадување (те нацртало како од трофазната удрена, ама нвм, прајслес) - Кога ќе се најдеш во листа на положени. - "Вашето барање за одмор е одобрено." - Мачка ко ќе се намести да ѝ го галиш мешето. - "Реализиран е прилив на средства на Вашата платежна сметка". - Мајка и нејзините две тегли ајвар за "да си поткасниш".
Уморна ќе си легнам до ќерка моја и да сум имала ден каде што сум загрижена, нервозна, тажна, заборавам на сè! Она е мојот мир
Кога сум сама дома, тогаш сум најопуштена, правам што сакам да правам без да има очи вперено во мене. Подобар релакс немам.
Гласната музика вибрира во тебе, кога светот го мјутнува и мислиш дека постоиш само ти Кога е до тебе и сте во цврста прегратка, срцата се спојуваат и чукаат во ист ритам. Ова ми е момент на она коа ќе кажеме дека душата ти е на место Кога се галиш со миленичето кое ти е извор на среќа и оптимизам После туширање со жешка вода, кога ќе се напиеш свежа ладна вода
Чувството кога сфаќаш дека твои блиски имаат ужансо кринџ размислувања спотивно со твои ставови каде ти јасно и гласно ги браниш.