Кога некој од такт те вади неколку дена по ред, сѐ молчиш, молчиш, ама кога ќе пукнеш.... Е баш тоа чувство..
Трпиш, трпиш и на крајот пукаш на "ситница". Мразам кога заплачувам во тие моменти а другите околу мене се смеат на тоа како сум заплакала како што кажав на "ситница" А многу такви ситници требале за да се прелие чашата...
Кога ќе ти се јави некој член од семејството кој обично никогаш не ти се јавува и додека кренеш слушалка ти поминат сите црни мисли низ глава.
Кога на некој, на кого му прелетал некој бумбар над глава, ќе дојде намрштен, скиснат и сака да ти расипе расположение. Нему нешто не му штима, па зошто тебе "сè" да ти е ок?
Кога една драга личност ти е подолго време на гости. Па толку многу се навикнуваш на неа, што, кога ќе си замине, ти автоматски сеуште поставуваш чинија на маса и за неа. Само што си замина а веќе ми недостигаш
случајно ќе се сетиш да изгориш темјанче и ќе те смири на начин на кој само една личност те смирува...