Кога ќе си го прередиш плакарот и ќе отстраниш една вреќа непотребна облека што само место ти зафаќала и со тоа некое олеснувачко чувство кога ќе погледнеш колку помалку место ти треба за она што навистина ти користи. Исто така некако е и со луѓето во животот. Пречесто дозволуваме да ни натежнуваат на врат луѓе кои само напразно скапоцено место ни зафаќаат.
Кога ти успева да поминеш за ЛЛМ, а си на форумот 15 години. Како дете сакав да бидам Mr. Data. Веројатно дојдов блиску до тоа. „Најтрагично“ е што не сум ни невродивергентен.
Не си вљубена туку имаш интерес од врската, не дека не можеш да преболиш туку се плашиш дали ќе можеш без него понатака.
Не смрди на запалени пластики, гуми, кабли и останати отпадни работи, па можеш да спиеш со отворен прозор.
Читаш сопствени стари белешки, некои ги будат смеа, некои носталгија, кај некои воопшто не можеш да разбереш што сакал да каже авторот, за некои не си сигурен за кој се па гледаш датум и ги поврзуваше со личности од тој временски период....
Убаво си задремала пред ТВ и наеднаш поради неудобност се будиш и толку од сонот, јер ПМС и мора да си будна Сега ќе везам гоблени или ќе свирам гитара Како беше она, знаеш дека не си нормален кога во недела стануваш во 6 така и јас..
Си наоѓаш нова работа од соништата, и на сите од претходната им викаш само бај бај бичес. Мора да е прајслес, ама ќе ви потврдам кога ќе ја најдам .
Се подготвуваш за гости, растрчана на сите страни, печеш лиснати, вариш зеленчук за руска, пеглаш чаршав... Дошла братучеда ти и прашува: "што треба да ти помогнам?" Ти и велиш "не знам" и трчаш сама и молчиш, молчиш веќе со денови... Во еден момент ги ваѓаш лиснатите од рерна но земаш слабо крпче и ја гориш раката... Двете раце. Ја испушташ тепсијата од рацете на плочки зашто нели е важно теписончето да не го изгориш... А братучеда ти скока од столот: "Доа што правиш?" Зема масло и сол и ти ги мачка рацете (не се прават плуски ако брзо реагираш со тоа) пече... Прснуваш да плачеш... велиш "боли" и посилно плачеш. Те гледа таа и знае дека ти никогаш не плачеш за физичка билка, те познава толку добро што знае дека за рацете не би пуштила капка солза... би офнала, но не би плачела толку. Во тој момент те прегрнува и прашува: "што ти е тебе периодов? Нешто те мачи. Молчиш со денови, плачеш за нешто што не би се расплакала. Се давиш во обврски сама, без збор да речеш. Од што бегаш? Каква борба видиш со себе? Што ти е кажи ми?" Тогаш сфаќаш дека било очигледно, сите приметиле... само продолжуваш да плачеш во нејзината прегратка и и велиш: " не ме прашувај, те молам. Барем засега"... и не добиваш веќе прашања, само силна прегратка.