...кога е петок и крај на работно време, и фаќаш магла од канцеларија и знаеш дека следни два дена нема да бидеш таму, надвор е сонце и животот е убав.
гушкаш мало бебенце, а тоа има толку доверба во тебе што се смирува од твоите раце, легнува на тебе и заспива... чувствуваш како мирно дише и те топли. спокој, љубов, мир се на едно место. Секој ден од мојот живот сакам да гушкам по едно вакво, минимум по едно
Чувството кога држиш за рака некој кој со години ти бил поддршка, утеха, сѐ ... А сега нема ништо. Стискаш посилно ...ништо.
Чувството кога не те обзема ПМС депресија, имаш волја за живот и си поштедена од црни мисли за тој месец
И таман ќе речам добро е овој месец, опп прв ден од завршување на циклус ме треска од земја најјако што може И си викам, фала, ама може поарно ќе беше пред да ме дрма отколку сега
Стануваш рано наутро, чувствуваш дека имаш сила да ја извиткаш косата, па ставаш крем за лице па малце сјај за усни... малце креонче... стоиш пред огледало и си викаш: " wow девојко еве си". На крај облекуваш дури и штикли, што не се случува за на работа. Не оставаш ништо за посебна прилика, денес е посебна прилика.