Чувството кога ја посетувам баба ми и со часови смирено си разговарам со неа за разни теми. Чувството кога ја прегрнувам и не сакам никогаш да се одвојам од неа. Чувството кога истата таа личност ми рече дека е горда на мене.
Чувството кога во 3 сатот навечер ке ти се пријаде Чувството кога ке начекаш попуст во омилената продавница Чувството кога ке ти пише саканиот за 10мин излези пред куќа
Чиството кога си осамен и одалечен од љубовта на твојот живот! Чуството кога бар за миг си дозволиш да профантазираш да избегаш од светот во кој се наогаш со карта во еден правец! Чуството на запалена цигара и испиено утринско кафе! Чуството на есенските дождливи и свежи денови по поминато пеколно лето!
Чувството кога некој го прави тоа што ти никогаш не си ни помислил да му го направиш.Другарка.Ок.Ме интересира до кога.
Чувството кога нечиј комплимент упатен до тебе ти го разубавува денот. Чувството кога ги гледаш своите мајка и баба насмеани. Чувството кога дознаваш среќна вест и не можеш да ја искажеш радоста,па само потскокнуваш и се смееш. Чувството кога после долго нервирање конечно ќе го погодиш акордот.
Чувството кога имаш кнедла во грлото и солзи во очите, скришно плачеш но имаш насмевка на лицето пред другите кои ти велат ти завидувам колку си среќна и весела. Чувството кога ја слушам мајка ми болна како кашла, ја гледам болникава со често променлива боја на лик и пумпица за прскање душата ми се кине, Бог да ми ја чува. таа е посебно вредна за мене пошто само она ми остана на светов. Чувството кога ме прегнуваат моите колеги, ме смеат, ми подготвуваат кафе и ме почестуваат со слатки колачи, чоколада и грицки. Чувството кога го сакаш а го немаш до себе и знаеш се што тој прави, каде е излезен, со која е излезен или уште поболно ќе го видиш со личност в кола со која довчера си пиела кафе и си ја мислела за пријателка. Чувството кога ќе слушнам свирки свадбени во маало или ќе видам невеста в кола или прекрасни мајки со бебенца и во глава ти поминува секогаш исто прашање ќе го дочекам ли јас тој ден да облечам бел фустан, да бидам сакана, да го имам највредното нешто во животот и да бидам среќна?
Чувството кога силно ја стегаш и гушкаш другарка ти која заминува во странство на неколку месеци,плачиш а другите другарки те гледаат чудно од страна..е се осетив како некое рането маче во моментот,сите насмеани се поздравуваваа,а јас плачка невидена #па и јас сум била емоционална бе
кога омилената серија прави пауза.. едит: Кога штотуку дознаваш дека најдобриот братучед воедно и најдобар другар те повредил на начин на кој не си можела да замислиш