1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чувствувам страв да не се оддалечиме

Дискусија во 'Канта' започната од Awr, 17 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Awr

    Awr Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    1
    Со мојот дечко сме заедно скоро 7месеци.. но има еден проблем кој само за мене е воочлив! Тој е повозрасен и работи, и некогаш се случува да немаме време да се видиме затоа што има потреба од одмор, напорно е и го разбирам тоа, но јас се чуствувам многу лошо на моменти.. а кога сакам да му спомнам нешто во врска со тоа, тој многу погршно ме сфаќа, мисли дека размислувам детски и е уште полошо.. Некој совет... чуствувам страв да не се оддалечиме или слично.. Ве молам, некој совет..!
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    А што сакаш да му спомнеш? Што сакаш да му кажеш во врска со тоа?
    Не прецизира што сакаш да му кажеш.
    Секој ден се гледате? Колку време не се гледате поради неговите обврски на работа или поради уморта?

    Јас со дечко ми и по неколку дена не се гледаме ако остануваме на работа прекувремено.
    Минатата сабота се видовме и следно беше во петокот. Значи 6 дена. И двајцата работевме прекувремено. Да се видиме и да бидеме уморни и да заспиеме додека сме на кафе? Па подобро нема да се видиме. Никогаш, ама баш никогаш не сме си прекориле заради тоа.
    Треба да се има разбирање за тоа.
    Ако не работи од кај пари. Нема од небо да паѓаат. А плус млад е, сега е време за градење кариера.

    Ако навистина работи немаш никаква причина за љубомора.
    Лошо е ако ти вели дека работи или уморен е, а има време за другари, за други излегувања. Тогаш значи не е проблем работата, има друго зад тие изговори.
     
  3. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    И дечко ми работи и исто така понекогаш се осеќам на некој начин осамено или пак исфрустрирано, но нема врска со тек на време сватив дека е џабе. Значи треба да го разбереш и да му оставиш простор но не и да се одалечуваш он него. тогаш се ќе биде ок!
     
  4. Awr

    Awr Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    1
    Точно и јас иако помала, тоа го сфаќам совршено.. но не знам еднаш му реков директно дури и почнав да го споредувам и настана голема караница.. и ние се немаме видено сега од минатата сабота, беше овој викенд дури и денес на работа прекувремено како и вас, заради празниците наредниот викенд.. кога ке биде слободен... Тој очекува и ми има кажано дека неговиот живот е таков и дали можам да го прифатам каков што е јас се согласив но понекогаш едноставнно не знам.. ми се иде да побегнам од се... само сакам повеќе време да е со мене, ваак имам впечаток дека не сака да ме виде, а свесна сум дека не е така. :worried:
    А за тоа да има време за друг, за мене не се нема случено можеби порано еднаш два пати али ради работа.. и некои приватни муабети возрасни се, разбирам... кога не е со мене како викендов, дома е и одмара.. спие :(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.