И јас сум таква, аналитичар и мислител. Соновите се страшна ствар и заедничка на нас сите. Не се сеќавам да сум сонувала нешто убаво повеќе пати, всушност, се бројат убавите соништа на една рака. Лошите... да не зборувам, речиси се откачени и немаат смисла.
И јас си имам еден чуден сон , но никако не можам да откријам што значи . Сум пишувала и на форумов и на други форуми за истиот , но безуспешно . Сонов сум го сонувала повеќе од три пати . Вака сега : Се сонувам себе , како стојам пред една мала црквичка , далеку од мене , јас стојам пред влезната порта ( црквичката е во планина , портата е метална и убава ) . Над портата има старо мало камбанско ѕвоно , малку пукнато од едната страна ( од каде што јас стојам ) , црквичката има простран двор , убаво среден , со голема тревна површина и една патека од влезната порта до црквичката . Околу црквичката исто има кружна патека и калуѓерка која ја метеше таа кружна патека . Стојам јас надвор пред влезната порта на дворот од црквичката и гледам во калуѓерката , но одеднаш неа ја снемува а јас слушам машки глас кој ми вели : " ти ќе бидеш калуѓерка " . Се вртам околу себе , но нема никој . Сама бев . Викам по гласот да ми се открие , да ми каже од каде знае дали ќе бидам калуѓерка .. но залудно . Кога и да го сонувам сонов , секогаш е ист . Истата црквичка , истиот двор , истата порта , калуѓерката што мете и малото камбанско ѕвоно над портата .. гласот и реченицата .. буквално се е исто . Се будам испотена и вознемирена . Се обидувам да ја најдам оваа црквичка веќе 2 години , но залудно .
Мислам дека треба да појдеш во црква и да запалиш свеќа за здравје, и да го кажеш сонов некому дали на поп или некој што се разбира во ова бидејќи сигурно значи нешто црквата а и тоа што ти рекле ,,ќе бидеш калуѓерка"
@Ледена Кралица^^ И јас на тоа сум помислила само не знам дали ќе има ефект. Ако пробал некој нека каже Инаку веројатно во Џамбо би требало да има, што знам