најчудна комбинација ми е риба конзерва со павлака.еднаш пробав и никогаш повеќе . а најчесто си јадам пржени рибанчиња со јајца ,ги мачкам со еурокрем ,превкусно ми е
Смоки и јогурт. Еурокрем и сирење. Кечап и паштета. Шпагети, туна, кечан и мајонез. Мммм... Печен компир и шеќер.
Овие три и јас ги јадам Друго,макарони со еурокрем, манџи со малце павлака, пуканки со пеќер во прав,мусли со јогурт,ама и со шеќер (сестра ми ми вели како го јадиш тоа ааааа,а јас неможам кисел јогурт,само како овошен го јадам)
Шпагети, кечап, оригано и водата од лутите туршија пиперчиња и 2/3 пиперчиња па нема повкуснооооооо Чај од нане со правта од топло чоколадо
и јас си јадам, смоки со чоколадо и смоки со јогурт, ама најчудно ми е кога ќе ми речат како може да јадеш банана со јогурт, а јас тоа си појадувам друго шо јадам е јаболко со цвекло и морков со лимон, маслинки и маслиново масло , најубава салата ми е таа
Кисело млеко и шеќер. Има вкус на овошен јогурт. Можете и некое овошје да ставите. Паштета и патлиџан на леб. Во лето речиси секој ден го јадам. На школо во кифлите со лиснато тесто што ги купувам си ставам чипс. Ептен убаво е. Колбаси и крем. Уште почудно, ама мене ми е превкусно. На една екскурзија на парчето леб намачкав зденка, па мед, паштета, па мармалад. Се кладевме дека ќе повратам и не повратив, дури убаво беше. За леб и какао имам слушнато. Е ова го немам пробано.
На пржените лепчиња со јајце, им мачкам мед или ако немам ставам мармалад. Само така ги јадам и мм секогаш паѓа во несвест што правам
Кришка леб, маргарин, мармалад и сирење. Смоки/чипси/соленки со јогурт. Бисквити со мармалд/еурокрем. Соленки и смоки со чоколадо. Сендвич со салама и кашкавал и внатре смоки и чипси.