Јас избегавам вакви чудни комбинации, не ни пробувам. Нјачудно што сум комбинирала е пица со ананас. Едвај пробав, и тоа пробав кога ми нарачале, а друго за јадење немаше. И кифлички и чипс си јадам често, мада не е баш чудно, си иде тоа по дифолт Мајка ми јаде лубеница, леб и сирење и неможам да ја гледам. А имам другар кој сармата ја јаде со кечап, мајонез и сенф. Сарма со зелка кисела.
Незнам зошто ти е чудно лубеница, леб и сирење тоа нешто нај вкусно... уствари за кој како... инаку јадам и супа и кислело млеко заедно исто така вкусна комбинација, и сирењето го комбинирам со се без разлика штоп се јаде.
Па не сум многу по ваквите комбинации. Неколку пати имам пробано леб и лубеница или грозје и леб и исто имам јадено смоки со јогурт
Јогурт ставам во секаква храна оди не оди секаде ставам и со пржени јајца и со леќа варена, со грав , со се што можеда се јаде . Јогурт со тулумба имам јадено и со бисквити. Во Турција ни служеа ориз со портокали а имам слушнато дека и во други земји така даваат. Не знам како некои можат да јадат лубеница со сирење еднаш имам јадено и никад више.
За кај нас овие јадења се чудни за во светот се нормални Знам дека во Катар многу често доматите ги зачинуваат со шеќер, исто така пилешко со сос од капини и такви чудни ствари Инаку јогурт и смоки не ми се чудна комбинација туку омилена
Јас ќечап ставам во се. Можеби затоа не ми е чудно. И јас исто, само без мајонез и сенф. Ова веќе ми е секојдневие, само што ја избегнувам паштетата и мајонезот.
Хммм единствено нешто што навистина сакам од чудниве комбинации во искраната ми е сосот со сенф и мед. Би пробала и месо со овошје, други простете ама многу лошо ми звучат
Мене не ми изгледа чудно ,ама на сите околу мене - да. Еве што е поентата - во секое солено јадење морам да додадам кечап! Опсесивно ,и тоа ! Со јајца пржени ,грашок ,манџи ,месо ,ориз ( ми има вкус на макарони кога ќе му го додадам кечапот) ,ама со се комплет ! Едно литро кечап ми трае 2 дена
Jaс обавезно ако јадам солено одма после тоа јадам благо или обратно.Инаку,не би ми било слатко јадењето