Јадам сирење со се. Со леќа ми е слатко,исто и со грав.. Сенф почнав да јадам многу често. Исто така со се. Бејкролс и јогурт,ама тоа и е не е толку чудна. Не ми текнува на други,а не сум ни сигурна дали има.
Лелее,што не прочитав Од некои комбинации ми се превртеа цревата верувајте.Не знам како јадете вакви нешта. Јас немам ни една ваква комбинација,јас и онака не мешам многу јадења..а не пак вакви чудни. А комбинациите леб,маргарин и мармалад/мед/џем не ми се воопшто чудни,ги јадам многу чести и омилени ми се.А и повеќето ги јадат.Исто така и Бејк ролс со павлака/ смоки со јогурт ми се убави комбинации. Имам братучед кој секојдневно јаде вака,абре од толку што е лаком се меша,важно од се да јаде.Кога ќе седне да појадува зема леб,пржени колбаси/кременадли,сирење/кашкавал,мармалад и краставици...и се си јаде А слаб е ко чечкалица,иако и три пати дневно јаде вакви јадења
Јадам сирење,зденки или кашкавал со тавче гравче, со леќа, со грашок Јадам мекици со еурокрем , а од некои комбинации како ајвар со маргарин едноставно ми се
Лубеница,сирење и лепче Еурокрем и јогурт и сирење Грозје и сирење Сирење и било која манџа (грашок, компири) Сирењето со се го комбинирам
обожавам паштета со мајонез и танок слој сенф најзгора нешто можам чудно да јадам ама нешто и не ама знам торта да јадам со месни нарезак
Сега само ми текнува на смоки и павлака сите ми се чудеа во школо , соленки со еурокрем и пица во комбинација со јогурт.
Јадам смоки со јогурт и баш ми е вкусно. Тоа ми е од другарка од основно . Некогаш се случува да јадам салата марули со леб . И викав на мајка ми како можеш вака така, ама кога пробав убаво ми дојде . Исто така мекица со шекер, а некогаш знам да си земам соленки и да ги брцкам во еурокрем и така да јадам. Друго не ми текнува
Солени пуканки со чоколадо..Или други солени и зачинети работи со чоколадо (пример, смоки и чоко бисквит) Пилешко или мисиркино месо со мед. Друго не ми текнува, а јадам вака доста често чудни комбинации
Не сум многу по мешање на храната, но нешто што скоро секогаш го мешам и ми е многу вкусно е соленки со еурокрем. Јадам и мекици со шеќер понекогаш, особено кога се донесени за бебе. Имам јадено леб намачкан со маргарин и одозгора со мед, убаво е, но не е по мој вкус. Еднаш со сестра ми јадевме леб намачкан со паштета и плус свеж кромид. Многу ми е вкусно да јадам варен грав и да му наронам сирење внатре . Јас вака и се научив да јадам грав како мала . Смоки со јогурт ми се омилени, но не е нешто чудно. А мене многу чудна комбинација ми е млечник (јајчарник) со шеќер . Мајка ми и сестра ми обожаваат да јадат вака, а јас не можам да се изначудам. Имам пробано, но не ми е убаво.
Мајка ми денес направи супа од петле онаа што се продава и внатре си стави јајце и јогурт и го помеша сето тоа и искочи прекрасна свежа освежителна супа! ете еден новитет у мојава исхрана...хах
ехее јас сум јадела леќа со јогурт , пиперки јајце јогурт и салама , соленки со еурокрем , леб намачкан со маргарин мед (сега повеќе не јадам) и мармалад
Пред некој ден за ручек каснав 2 кришки, намачкани со: Маргарин Шарена сол Ќечап Грав (од гравче тавче) Сирење. А денес за доручек јадев геврек со еурокрем и млеко.
Смоки со јогурт,пица со јогурт,смоки со еурокрем,ајвар со макарони,лубениша со сирење и друго не ми текнува сега во моментот,а мајками еднаш јадеше туна во конзерва со јогурт,јас колку што знам тоа не смее да се јаде но таа го јадеше и ништо не и се случи па ниту повраќаше
Јас обично кога во ист ден пијам млеко, и риба, ме боли стомак. Иначе порано знаев да си направам и тост од ајвар и сирење. х)