воопшто не сум љубител на мешање на вкусовите но многу луѓе ми препорачуваат да пробам лубеница со сирење и леб... сепак не се осмелувам
1. Пиперки толчени со лубеница и сирење. - можам да се прејадам од чудово 2. Лепчиња пржени со мед , сирење и јогурт. 3. Домашни кори или јуфки со мед, изрендано сирење и јогурт.
Смоки и павлака. Или патос зелениот со млечен намаз. Или какао со малку црвен пипер. Или црвено греано вино со малку карамфилче. Guilty pleasure.
јогурт и крембананче , и буквално со секој ручек пијам сок и тоа дури јадам го пијам сокот(за многумина несватливо и грозно) , јогурт и смоки , и за мајка ми многу чудно макарони со салама кашкавал и мајонез ... и да би пробала и мн дурги комбинации не ми е проблем
Јогурт со слатко од јагоди,смоки и чоколадо или чоколаден прелив,чипс и кремсир...тие ми паѓаат на памет за сега.
И јас јадам чипс со мајонез, смоки со јогурт, и гризини со маргарин А преклани на одмор, последниот ден, не ни остана леб, немавме ни пари, а ни се јадеше, и јадевме краставици (и тоа нелупени) со еурокрем, и да ви кажам право, не беше лошо А дечко ми јаде туна со еурокрем, алал да му е