Потврдувам Трендафилке Инаку јас тука прочитав многу комбинации што ги јадам а според мене ич не се чудни. Имам мал милион на разноразни комбинации на јадења кои демек не се комбинираат, ама најшубе фаца луѓето прават кога ќе дознаат дека јадам еурокрем и јогурт превкусно е. Смајлиштосијалижеустата А најчудна комбинација за која јас сум слушнала е еурокрем и јајце на око. Не сум пробала, не ме држи газот, а можеби е вкусно. И уште една совршена комбинација е путер и мед. И чај. Ауууу појадок како за бог. Уште едносмајлиштосијалижеустата
Ммммм супа со сирење, поточно со кашкавал, обожавам. Особено онаа супана од кромид шо ја праат Французите и ставаат тост лепче со кашкавал на површина да плива Инаку немам чудни комбинации. Односно не знам дали е чудно камемберот на скара да го јадеш со џем од брусници. За некои може да е чудно, но така се јаде традиционално. Или шведскиот класичен котбулар го обожавам - ќофтиња, со солен, кремаст сос и повторно со џем од брусници. Убавини. Јадам и пица со шунка и компот од ананас. Интересна ми е Јапонската храна ја обожавам, а за некои е таа комплетно чудно а мене ми е чудесно убава и вкусна.
смоки во комбинација со ресани и сок или смоки со чоколадно млеко, месо со сирење и мајонез, пржен компир со ајвар и кашкавал.... тоа е што ми текнува моментално
Mој чоек, а јас па си мислев единствена сум што јадам супа с сирење или јогурт!и сирење со се јадам,во манџи,ориз, ма во се а инаку еднаш пробав мед и сирење, и не ми се допадна! само со мед не јадам
Што се не се изначитав и скоро на секоj пост бев ваква Бога ми имате и те како чудни комбинации ,јас не мешам многу,немам некои чудни комбинации со храната,освен што јадам смоки со еурокрем и грав со сирење (сирењето можам со секоја манџа и во се да го комбинирам бидејќи си сакам сирење ) ама тоа и не го сметам за чудна комбинација откато прочитав многу по чудни овде Инаку,имав цимерка која ставаше јогурт во супата.
Лепче намачкано со паштета и шеќер...Јас не јадам ова, туку братучед ми и вели дека е многу вкусно...
Имам доста чудни комбинации, но не често: смоки и еурокрем грав и сирење (сирење со СЕ’ јадам) маргарин и мед супа и јогурт чипс патос со црвен сос од домати (ова можеби не е некоја чудна комбинација) мед со бадеми, лешници или ореви, милина путер од кикирики и мед... имам уште многу ама не ми текнува. Како малечка јадев кришка леб намачкано со паштета аргета, мајонез, кечап одозгора, салама, кашкавал, сирење и маслинки. Тоа се наредено едно врз друго. цела кула...
Тиква и сирење. Лубеница и леб. Паштета и кечап. Јогурт со се јадам, а ако ги направам комбинациите со јогурт нема да ми стасаат 10 страни.
па што знам... јас не јадам баш такви некои чудни комбинации,ама татко ми стално кога ќе ме види да јадам лубеница,ми вика и сирење да јадам со тоа,ама што знам,мене не ми оди тоа заедно баш...
Грав со сирење,ориз со сирење,компир манџа со кечап и со сирење,буквално секаква манџа јадам со сирење А како помала омилено ми беше еурокрем и салама
Никако не разбирам што има чудно во комбинацииве со јогурт? Инаку, јас не експериментирам многу, ама една другарка од маало порано правеше сенвич со крем и салама.